Регион
Харадинај го одби Брисел: Помина тоа време
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/09/ramush-haradinaj.jpg)
Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај и формално го одби предлогот на Брисел за привремено укинување на таксите за увоз на прозводите од Србија и Босна и Херцеговина.
„Помина времето кога такви прашања можеа да бидат решени со условувања“, напиша Харадинај до шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини.
Писмото го објави „Газета експрес“, непосредно пред состанокот на косовскиот премиер со бриселските функционери.
„Дваесет години по војната на Косово, десет години по прогласувањето на независноста и пет години по бриселскиот договор, вистина е дека напредокот за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија е минимален и всушност целосно е сопрен“, пишува Харадинај.
Тој додаде дека е потребна нова иницијатива за подигнување на дијалогот на ниво на кое клучните прашања ќе бидат вкучени во поширок договор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Оливер Млакар го прослави својот 89-ти роденден
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/t-1.jpg)
Хрватскиот телевизиски водител Оливер Млакар вчера го прослави својот 89-ти роденден.
Роден е во Птуј 1935 година. Од 1945 до 1953 година живеел во Осиек, во 1954 година дошол во Загреб, каде што студирал француски и италијански јазик. Три години по преселувањето во Загреб, се пријавил на аудиција за најавувачи во Радио Загреб и ја добил работата.
По завршувањето на воениот рок, во 1963 година почнал да работи во „Телевизија Загреб“, каде што две години подоцна станал водител на квизот со Јасмина Никиќ. Тој е најпознат по водењето на „Квискотека“, најпопуларниот хрватски квиз на сите времиња, од 1984 до 1995 година.
Иако се пензионира во 2002 година, од 2006 до 2007 година беше водител на камбек-сезоната на „Квискотека“ на „Нова ТВ“. И по пензионирањето, тој беше баран и на телевизија и на фестивали.
Регион
Маж загина во автомобил во Атина, моторџија пукал осумпати во него
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/bvfg.jpg)
Еден човек е убиен утрово во северните предградија на Атина кога бил застрелан од моторџија додека бил во автомобилот, соопшти полицијата.
Од полицијата велат дека трагаат по напаѓачот, пренесе „Катимерини“.
Според првичните податоци, убиецот бил на мотор и дошол до автомобилот „бмв“ и пукал во жртвата најмалку осумпати пред да успее да побегне.
Регион
Пожари на грчките острови Крит, Кос и Хиос
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/bb.jpg)
Сè уште горат три пожари, кои избувнаа на грчките острови Крит, Кос и Хиос, иако пожарникарите делумно успеаја да ги локализираат.
Пожар избувна на островот Кос во понеделникот и излезе од контрола бидејќи силните ветрови го шират кон Кардамаина, популарно туристичко одморалиште на источниот брег на островот, пренесува „Катимерини“.
Петмина пожарникари се полесно повредени во операциите за гаснење, а речиси 10.000 туристи и жители се евакуирани од областа и сместени во училишта, спортски стадиони и хотели во Антимакија, Мастичари и Мармари.