Регион
Харадинај: Ќе отвориме големопродажни центри во северно Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска најави дека Владата, ,,заедно со косовските бизнисмени”, ќе отвори привремени големорподажни центри во општините во северно Косово, како одговор на ,,обидот на Србија да симулира хуманитарна катастрофа” на тоа подрачје.
Реагирајќи на дводневното затворање на продавници и други услужни објекти во општините во северно Косово, Харадинај рече дека тоа е ,,уште еден обид на Србија да се дестабилизира Косово” и на ,,специјална војна предводена од странски сили”.
,,Денеска дадовме институционален одговор на сите акции на Србија, одговор дека ќе го запечати суверенитетот на земјата, ќе покаже граѓанска солидарност, одговорност и грижа на Владата за сите граѓани на Косово”, рече Харадинај.
Продавниците во северот на Косово ќе бидат затворени денеска и утре во знак на протест поради царините од 100 отсто што ги воведе косовската влада минатата година за увоз на стоки од централна Србија и Босна и Херцеговина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.