Регион
Ципрас верува дека ќе се договорат со Каменос

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, изрази надеж дека лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, и коалициски партнер нема намера да ја собори грчката влада.
Ципрас истакна дека не е првпат да не се согласуваат со коалицискиот партнер и рече дека сѐ ќе биде познато по нивната средба закажана за утре.
Во однос на процесот на ратификацијата на договорот од Преспа, Ципрас вели дека процесот ќе почне веднаш откако во македонското Собрание ќе се изгласаат уставните измени за што, според Ципрас, нема да биде потребно подолго од една недела.
Во врска со протоколот за членство на Македонија во НАТО, Ципрас рече дека тоа ќе зависи од процесот во самата алијанса.
Пратеник од Независни Грци денеска најави дека партијата ќе ја напушти коалицијата со Ципрас и ќе гласаат против владата ако има гласање на доверба во парламентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Политичката волја на Србија е да биде на европскиот пат; Разбирам што мисли ЕУ за моето патување во Москва

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, го пречека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Палатата на Србија.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека никого не довел во заблуда со тоа дали ќе оди на прославата на Денот на победата во Москва.
„Србија, како што рече Кошта, секогаш е на европскиот пат и, како што рече, можеби има непослушен претседател, но тој претседател никогаш не го довел во прашање тој пат“, рече Вучиќ на прес-конференција.
„Многу сум среќен што имав можност да разговарам со претседателот на Европскиот совет и сум задоволен од содржината на нашите разговори. Му благодарам на претседателот Кошта за посетата на Србија, за тоа што донесе добра волја во разговорите за пристапување на Србија во Европската Унија“, рече Вучиќ на почетокот од своето обраќање.
Тој зборуваше и за дијалогот меѓу Белград и Приштина.
„Реков дека Србија е секогаш подготвена за разговори, дека никогаш не сме бегале од дијалог“, нагласи тој.
„Разговаравме и за неопходноста од спроведување реформи во нашата земја. ЕУ е најважниот партнер за нас. Имаме најголем обем на размена со ЕУ. Нашиот извоз е 52 процента од Западен Балкан. Важно е што 4 од 10-те најголеми извозници од нашата земја се инвеститори од ЕУ“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека со Кошта разговарал и за неговата посета на Москва.
„Добро знам и разбирам што мисли ЕУ за моето патување во Москва, што чувствуваат тие. Мислам дека е исклучително важно да повторам каква е политичката волја на Србија, а тоа е Србија да биде на европскиот пат, да го отвори Кластерот 3 што е можно побргу. Атмосферата не е толку добра поради патувањето во Москва. Верувам дека ќе има разбирање во Европа, напредок базиран на заслуги“, рече Вучиќ.
„Верувам дека ќе можеме да добиеме зелено светло. На секое место, и јас отсекогаш сум велел, дека сегашноста и иднината на Србија припаѓаат на соработката и членството во ЕУ. Многу добро ги разбирам нивните приговори дека не воведовме санкции врз Русија. Од самиот почеток Србија стоеше на принципи почитувајќи ја Повелбата на ОН“, рече Вучиќ.
„Се надевам дека ќе го завршам мојот мандат како претседател на Републиката, така што Србија ќе биде поблиску на патот кон ЕУ“, рече претседателот на Србија.
„Не е мое да слушам, туку да му служам на народот, јас сум претседател на Србија. Ја најавив мојата посета на Москва и никогаш не излажав, „непослушниот“ претседател никогаш не го доведе во прашање европскиот пат на Србија“, рече Вучиќ.
„Јас сум претседател на Србија и морам да се грижам за патот на нашата земја. Морам да ги замолам сите државни органи да работат на европскиот пат. Да се натпреваруваме во таа позитивна смисла“, додаде Вучиќ.
Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.