Регион
Црна Гора ги заострува мерките за време на празниците

Директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, Игор Галиќ, најави поостри мерки за време на претстојните божикни и новогодишни празници, со цел да се спречи собирање на поголем број луѓе и ширење на коронавирусот.
Галиќ, кој гостуваше на ТВЦГ, рече дека епидемијата во Црна Гора е широко распространета, со високи стапки на морбидитет во сите градови, но трендот е сепак стабилен.
Тој потсетува дека помина една недела од усвојувањето на нови епидемиолошки мерки и дека нивото на инфекција со коронавирусот е сè уште високо.
„Но, тоа ниво не се зголеми, дури се задржува или опаѓа малку. Јас би рекол дека во овој момент епидемијата е на високо ниво и на одредена клацкалка, така што развојот на епидемијата ќе зависи од следните мерки и од тоа колку ќе се придржуваме кон нив“, рече Галиќ.
Тој оцени дека е добро што не е забележан т.н. експоненцијален раст, односно дека за краток временски период нема поголем број нови пациенти, објави порталот РТЦГ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.