Регион
Црна Гора: 424 новозаболени од Ковид-19, седум лица починаа
Во последните 24 часа во Црна Гора се пријавени седум починати пациенти и 424 новоинфицирани со коронавирус, објави Институтот за јавно здравје. Тестирани се 1.273 примероци за Ковид-19.
Меѓу починатите, најмладиот пациент имал 55 години, а најстариот 88. Вкупниот број на смртни случаи од ефектите на коронавирус од почетокот на јуни минатата година е 690.Бројот на моментално активни случаи во Црна Гора е 9.060, а од почетокот на епидемијата регистрирани се 50.054 случаи на инфекција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Борисов ја повлекува кандидатурата за премиер
Лидерот на централно-десничарската бугарска партија ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, ја повлече својата кандидатура за премиер на Бугарија и одлучи да го врати мандатот за формирање влада.
„Не сакам повеќе да се занимавам со оваа земја. Ќе го вратам мандатот штом го добијам“, изјави Борисов на прес-конференцијата.
Борисов ја донесе одлуката по неуспешните преговори за коалиција по парламентарните избори во октомври, на кои ГЕРБ освои најмногу гласови, но без доволно мнозинство за самостојно да формира влада.
Минатата недела Борисов и понуди на коалицијата „Продолжување на промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) поддршка за кандидатурата на Атанас Атанасов за претседател на парламентот, под услов да формираат заедничка влада со него како премиер, но тој предлог беше одбиен.
Парламентот се уште е блокиран, а пропаднаа и обидите за избор на претседател на Собранието.
Регион
По апсењето за трагедијата во Нови Сад, Весиќ штрајкувал со глад и одбил помош, денеска итно пренесен во болница
Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, утрово со возило на брзата помош од притворот во Нови Сад бил пренесен во болницата во Сремска Каменица.
Како што е објавија српските медиуми, поради нагло влошување на неговата здравствена состојба, по шестдневен штрајк со глад и одбивање лекарска помош, управата на Окружниот затвор во Нови Сад го известила Вишиот суд дека е неопходно тој да биде префрлен во болница.
Управникот на Окружниот затвор во Нови Сад, Миле Јандриќ, за „Танјуг“ изјави дека Весиќ, по специјалистичкиот преглед, е задржан на одделението за коронарна интензивна нега со одобрение на судијата за претходна постапка.
Весиќ беше уапсен и приведен во Нови Сад поради падот на натстрешникот на железничката станица во овој град на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, а двајца сè уште се во критична состојба.
Регион
Брнабиќ: Опозицијата сака граѓанска војна, власта сака работа и просперитет за сите граѓани
Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ денеска изјави дека претставниците на опозицијата кои вчера направија бунт во Народното собрание сакаат граѓанска војна, а владејачката коалиција, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ сакаат работа и просперитетот на Србија со цел подобрување на стандардите на сите граѓани на Србија.
Брнабиќ за РТС изјави дека штетата направена вчера во Народното собрание ќе чини многу, и таа ќе се потруди целата да ја сноси опозицијата на чело со Драган Ѓилас.
„Разбирам дека бегаат да зборуваат за буџетот. Србија во првите девет месеци од оваа година е најбрзо растечка европска економија. Првиот пат кога зборуваме за буџетот имаме инвестициски рејтинг, во нивно време БДП беше 33 милијарди евра, а на крајот на годината ќе имаме повеќе од 80 милијарди, додека целта е до 2027 година, благодарение на паметната политика што ја води Александар Вучиќ, да имаме повеќе од 100 милијарди евра“, рече Брнабиќ.