Регион
Црногорски и европски полицајци ќе патролираат по должината на границата на Црна Гора

Црна Гора и Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) вчера потпишаа договор според кој европските полициски службеници, заедно со црногорските колеги, ќе патролираат по должината на државната граница на Црна Гора, а Европската Унија ќе дава стручна обука и стручна помош за надгледување на границите.
Договорот беше потпишан во Луксембург од страна на министрите за внатрешни работи на Црна Гора, Мевлудин Нухоџиќ, и на Финска, која моментно претседава со ЕУ, Марија Охасало, како и европскиот комесар за внатрешни работи и миграција Димитрис Аврамопулос, пренесува РТЦГ. Нухоџиќ рече дека договорот отвора ново поглавје во соработката во областа на граничното управување и борбата против прекуграничниот криминал.
Тој наведува дека со зајакнување на соработката, државите можат да ја постигнат заедничката цел кон која тежнеат, а тоа се безбедни и сигурни граници, „кои треба да останат отворени за слободно движење на луѓе и стоки и, во исто време, да се заштитат од активностите на криминалците“.
Комесарот на ЕУ, Аврамопулос, рече дека договорот е уште еден чекор напред во соработката на партнерите од ЕУ со Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Еколошка катастрофа – нафта истече во Јадранското Море

Големи количини гориво истекоа во Јадранското Море на островот Хвар во Хрватска. Неофицијално, инцидентот се случил кога пукнал резервоар на танк на бензинската пумпа ИНА, објави „Далмација данас“.
Полицијата е на терен и се истражува како се случил инцидентот.
„Утрово, околу 9.30 часот, е примена информација дека во градот Хвар, заливот Крижна Лука, имало загадување со нафта во морето. Припадници на Полициската станица Хвар и Поморската полициска станица, пожарникари, Хрватската крајбрежна стража и припадници на Капетанијата на пристаништата се на местото на настанот. Покрај спроведувањето на постапката за санирање на штетите, ќе се спроведе и постапка за утврдување на сите факти и околности на настанот“, соопшти сплитската полиција.
Регион
Вучиќ оди во Русија на прославата на Денот на победата, ќе се сретне со Путин

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека на 9 мај ќе отпатува за Москва, каде ќе присуствува на парадата за Денот на победата и ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, јавува Анадолија.
При гостувањето на ТВ Пинк, Вучиќ изјави дека „со гордост ќе ја претставува Србија“ на обележувањето на 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.
„Пред осум месеци реков дека ќе одам во Москва. Ќе одам во Москва“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека најверојатно сам ќе отпатува во руската престолнина и дека поради тоа „ќе ги прими сите удари на светот, и однадвор и од внатре“.
„Не сакам владата на Ѓуро Мацут да ја плати цената. Сакам тој да има можност правилно да соработува со Европската унија и никој да не го обвинува за ништо. Тешко дека армијата ќе оди, бидејќи би била изложена на притисоци и санкции“, рече Вучиќ.
Тој најави дека со рускиот претседател ќе разговара за новиот гасен аранжман, како и за иднината на Нафтената индустрија на Србија (НИС), која е загрозена од американските санкции поради рускиот сопственички удел.
„Мораме да го потпишеме договорот за гас до 30 мај. Мора да го решиме прашањето за нафтената компанија. Мора да разговараме и за сите други теми“, рече Вучиќ.
Тој ја најави и посетата на еврокомесарката за проширување Марта Кос на Белград на крајот на април и изрази надеж дека ќе има можност да разговара со претставници на Републиканската партија и американското раководство пред да замине за Москва.
Регион
Се запали градинка во Загреб – пожaрот избил од клима уредот

Пожар изби попладнево во градинка во Загреб.
Според информациите на хрватските медиуми, причина за избувнување на пожарот е палење на клима уредот.
Првата личност која се обидела да се справи со огнот била жена која го гаснела со ПП апарат. Во меѓувреме сите деца навреме го напуштиле објектот и биле испратени на безбедно.
Пожарот се проширил низ една од просториите, а неговото натамошно ширење го спречиле загрепските пожарникари, кои дојавата за пожарот ја добиле околу 16:55 часот.
Допрва ќе се утврдуваат околностите под кои избил пожарот во градинката.