Регион
Чешкиот премиер заинтересиран за вакцинацијата со руски и кинески вакцини во Србија

Агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП) пишува дека премиерот на Чешка вчера ја посетил Србија со цел да дознае повеќе за програмата за масовна вакцинација со кинески и руски вакцини.
Чешкиот лидер Андреј Бабиш претходно побара вакцини надвор од заедничката програма на ЕУ, откако беа одложени испораките на западните компании за лекови, со кои Унијата склучи договори.
Со тим експерти, Бабиш минатата недела ја посети и Унгарија, која е прва земја на ЕУ што даде зелено светло за руската вакцина.
„Се обидувам да соберам што повеќе информации за другите вакцини кои не се одобрени“, рече Бабиш во Белград по состанокот со српската премиерка Ана Брнабиќ.
Брнабиќ рече дека искуството на земјата со сите три достапни вакцини е одлично.
Србија, со повеќе од 500.000 вакцинирани, во моментов е втора во Европа според стапката на вакцинација по жител, зад Велика Британија, пренесува Б92.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.