Регион
Шест лица во Хрватска по грешка примиле две дози на различни вакцини

Повеќе граѓани во Хрватска при ревакцинација примија различни дози на вакцина против коронавирус, изјави денеска директорот на Институтот за јавно здравје, Крунослав Цапак.
Цапак призна дека во тие случаи се случила грешка. Правило е вакцините што се даваат во две дози да се од ист производител.
„Ваквите грешки се пријавени како несакани ефекти на ХАЛМЕД и колку што знам, имало шест такви случаи. Тие луѓе немаа никакви компликации“, рече Чапак.
Тој додаде дека можноста за комбинација на различни вакцини сега се испитува во светот и во Европската Унија, а претпоставката на имунолозите е, вели тој, дека таквиот начин на имунизација дури и ќе даде одредена предност во создавањето на имунолошки одговор.
Сепак, за тоа сè уште нема потврда, бидејќи истражувањето е во тек, рече Цапак на прес-конференцијата.
На инсистирање на новинарите да кажат зошто тие луѓе ја добиле втората доза од различен производител, Цапак кратко рече дека се случила грешка, пренесоа хрватските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Италијанската полиција фати Албанец со над 27 килограми кокаин

Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин, откако во автомобилот му биле пронајдени 27,6 килограми кокаин.
Дрогата била скриена во посебен простор под предните седишта на возилото.
Покарај кокаинот, полицијата го конфискува и возилото, а приведениот е однесен во притвор во затворот во Катанија.
Според албанските медиуми во италијанските затвори се наоѓаат над 2.000 албански државјани, осудени главно за трговија со дрога.
Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.