Регион
17-годишно девојче почина од коронавирус во Сплит
17-годишно девојче, кое имало други респираторни проблеми заедно со инфекцијата, почина како резултат на инфекција од коронавирус во болницата во Сплит. Лекарите не можеле да ја реанимираат.
На девојчето му се слошило во саботата додека било со своето семејство во куќа во близина на Сплит поради што, семејството повикало брза помош. Му било укажана прва помош во локалниот здравствен дом по што било пренесено во Клиничката болница во Сплит, каде што лекарите не биле во можност да го спасат.
Тестирањето покажало дека е позитивно на Ковид-19, а претходно имало проблеми со дишењето првенствено поради астма. Точната причина за смртта ќе се утврди со обдукција, која треба да се изврши во Клиничката болница во Сплит.
Неофицијално се знае дека целиот клас на гимназијата во Сплит, на кој присуствувал 17-годишно девојче, е во самоизолација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дојава за бомба во два трговски центри во Белград
Два трговски центри во Белград денеска добиле дојава за бомба, пишува „Евроњуз Србија“.
Дојавата за подметнати бомби пристигнала во 13 часот во трговскиот центар „Биг“ во Карабурба и во трговскиот центар „Милениум“. Непознати лица нешто по 13 часот пријавиле дека во трговските центри била поставена експлозивна направа.
Во моментот во тек е евакуација на посетителите во овие трговски центри.
Регион
Опозициските политичари во Албанија запалија столчиња пред парламентот во знак на протест поради апсењето на нивниот колега
Албанските опозициски политичари запалија куп дрвени столчиња пред Собранието во знак на протест поради апсењето на нивниот колега.
На почетокот на редовната собраниска седница пратениците од опозицијата ги извадија столчињата од собраниската сала и ги запалија на скалите од зградата.
Припадниците на службата за безбедност брзо го изгаснале пожарот.
Апелациониот суд на Албанија во петокот ја потврди пресудата на понискиот суд со која Ервин Салијани, член на опозициската Демократска партија, беше осуден на една година затвор.
Понискиот суд го прогласи Салијани за виновен за „лажна пријава“ против поранешниот министер за внатрешни работи. Салијани ја негираше вината и рече дека судењето е политички мотивирано.
Претходно овој месец, водачот на Демократската партија Сали Бериша, кој е во домашен притвор од декември, беше обвинет за корупција за дејствија што ги презел додека бил премиер од 2005 до 2013 година. Бериша, исто така, ја негира вината.
Демократската партија повика на голем протест во главниот град Тирана на 7 октомври.
Регион
(Видео) Дунав поплави село во Србија: До него се стигнува само со брод
Рибарско викенд село кај Сомбор е поплавено поради покачувањето на нивото на реката Дунав и единствен начин да се стигне до селото е со брод.
Водата ги поплави викендичките до висина на прозорците.
View this post on Instagram
– Во ова викенд одморалиште нема струја и во моментов се стигнува само со брод – пишува во описот на видеото објавено на Инстаграм.
Се наведува и дека ваков вид поплави годинава се случуваат по трет пат и дека мештаните се навикнати секогаш да бидат први на удар.