Регион
Грците на протест против мигрантската политика откако владата прими 40. 000 бегалци во последните 4 месеци
Одлуката на грчката влада да ги пренесе на копнениот дел мигрантите од преполните острови во Егејското море, доведе до отпор кај локалното население. Жителите на Солун најавија нов бран протести против овој потег во услови на зголемен гнев поради приливот на бегалци што влегоа во земјата, пренсува РТ.
Локалното население во два наврати безуспешно се обиде да го спречи префрлањето на мигрантите од островите на копнениот дел. На вчерашниот антимигрантски собир во Солун пристигнале над 100-тина екстремни десничари, а имало и собир на анархистите.
Мигрантите кои со бродови на грчката воена морнарица вчера беа префрлени од островот Лезбос на пристаниште во близина на Атина, со часови чекале да пристигнат автобусите и да ги пренесат во хотелите чии што сопственици се согласиле да ги примат. Од кампот Морија на островот Лезбос каде што околу 15 илјади мигранти живеат на простор кој што е наменет за најмногу 3.000 луѓе биле пренесени 415 мигранти. Неименуван владин функционер открил дека владата планира да префрли околу 5.000 мигранти на копно во следните пет дена.
Антимигрантски демонстранти во Солун ја повикаа Атина да ги протера сите нелегални мигранти и да ја затвори границата за мигрантите. На снимките од маршот беа прикажани демонстрантите со транспаренти и грчки знамиња, а активист пред почетокот на поворката држеше икона на Богородица.
Солун и околните градови се избрани за да бидат домаќини на илјадници мигранти кои Атина сака да ги пренесе од пренатрупаните објекти на грчките острови до копното. Според извештаите, во текот на викендот околу 900 луѓе биле пренесени од грчките острови на места на копното. Владата планира да премести вкупно 20.000 бегалци до крајот на годината.
„Грција во последните четири месеци прими 40.000 мигранти и бегалци“, изјави министерот за миграција Јоргос Кумуцакос за локалните медиуми.Тој додаде дека копното мора да покаже солидарност со пограничните региони кои го сносат товарот на приливот на мигранти.
Атина постојано во судир со Брисел околу мигрантската политика на ЕУ. Земјата, веќе загрозена од економските проблеми, е една од главните влезни точки за бегалците кои доаѓаат во Европа – и го носи товарот за сместување на десетици илјади баратели на азил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ
Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија.
Заменик-директорот за пулмологија, Спасоје Попевиќ, вчера вечер за Танјуг изјави дека ситуацијата е многу тешка и дека министерот Дачиќ има тешка пневмонија и дека следните 72 часа ќе бидат клучни.
– Тој моментално е на механичка вентилација – респиратор, прима сè што му е потребно, сите лекови, терапија, со тој респиратор, што е метод на лекување, купуваме време потребно тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тешка пневмонија и борба за неговиот живот – рече д-р Попевиќ.
Докторот прецизираше дека министерот Дачиќ е хоспитализиран во 16:30 часот на Клиниката за пулмологија.
Попевиќ додаде дека засега не може да даде никаква прогноза.
– Прерано е, но се обидуваме и мислам дека успеваме до одреден степен да ја стабилизираме неговата состојба. Следните неколку дена ќе ни дадат одговори како да продолжиме. Постојано сме околу него и тоа е сè што можам да кажам во овој момент – рече Попевиќ.
Дачиќ вчера беше посетен и од српскиот претседател Александар Вучиќ и членови на владата.
Регион
(Видео) Вучиќ за состојбата на министерот Ивица Дачиќ: Се молиме за него
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ е примен на полуинтензивна нега во Клиничкиот центар на Србија и е во сериозна состојба.
Дачиќ моментално е на апарати и е во критична состојба. Дијагностициран му е билатерална пневмонија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ даде изјава пред Клиничкиот центар на Србија:
„Вицепремиерот на Србија и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е во тешка ситуација“, кажа претседателот на Србија пред Клиниката за пулмологија во Клиничкиот центар на Србија, каде што го посети со членови на владата.
„Ги посетивме сите заедно вицепремиерот и претседателот на Социјалистичката партија на Србија, тоа е тешка ситуација, но веруваме во лекарите и веруваме во него и се молиме за него“, рече Вучиќ.
Според лекарот што го лекува министерот Дачиќ, ситуацијата е многу тешка, Дачиќ има тешка пневмонија.
„Тој моментално е на механичка вентилација, односно респиратор, прима сè што му е потребно, ја прима најдобрата антибиотска терапија, со тој респиратор купуваме време потребно за тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тој беше примен на Клиниката за пулмологија околу 16:30 часот. Следните неколку дена ќе ни дадат повеќе одговори, се надеваме на најдоброто“, рече д-р Попевиќ, кој го лекува Дачиќ.
Регион
Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба
Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна состојба, поврзан на респиратор, потврди неговата канцеларија, колегите и лекарите.
Пулмологот Спасоје Попевиќ им изјави на новинарите дека состојбата на министерот Дачиќ е „многу тешка“ и дека лекарите се борат за неговиот живот.
„Тој моментално е на механичка вентилација – респиратор, добива сè што му е потребно, сите лекови, терапија – со тој респиратор, што е метод на лекување – купуваме време потребно за овие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Станува збор за тешка пневмонија и борба за неговиот живот“, рече доктор Попевиќ.
Дачиќ беше хоспитализиран вчера во 16:30 часот на Клиниката за пулмологија, а Попевиќ се воздржа од прогнози.
„Прерано е за тоа, но се обидуваме и мислам дека успеваме до одреден степен да ја стабилизираме неговата состојба. Следните неколку дена ќе ни дадат одговори за тоа како да продолжиме“, рече Попевиќ.

