Регион
Борисов ослободен од притвор

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов вечерва е ослободен откако му истече 24-часовниот притвор. Kaко што рече, немало обвинение против него.
„Брутално, гадно, нè вратија во комунизмот. Вечераме синоќа, влегува полиција. Ниту обвинение, ништо. На крајот излезе дека ништо не е пронајдено. Мислев дека ќе си заминат, и рекоа: ќе те задржиме. Нè донесоа овде. Издржавме 24 часа“, изјави Борисов додавајќи дека е загрижен оти следниот пат може да го убијат.
Од притвор беа ослободени и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и Севдалина Арнаудова од службата за односи со јавност на Борисов, пренесе БГНЕС.
Бугарската полиција претходно истакна дека нивната операција била спроведена со целосно почитување на законот, а извршени се претреси на три адреси. Од полицијата синоќа објавија: „Во тек е голема операција во врска со 120 случаи на Европското обвинителство во Бугарија за злоупотреба на средства од ЕУ. Претреси и заплени се вршат на многу адреси. Во моментов се приведени Бојко Борисов, Владислав Горанов, Менда Стојанова и Севдалина Арнаудова. Акцијата продолжува“.
Претходно денеска во прес-центарот државното обвинителство појасни дека правната квалификација на наводното кривично дело наведена во известувањето кое го добиле од МВР по факс „ја исклучува надлежноста на Европското обвинителство во овој случај“.
Десетици симпатизери, речиси целото раководство на партијата ГЕРБ, младинската организација и членови на пратеничката група излегоа пред зградата на Националната полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.