Регион
Таксистот што го превезувал Урош денес ќе сведочи за ноќта на масакрот во Младеновац

Во Вишото јавно обвинителство во Смедерево треба да сведочат таксистот и уште петмина сведоци за масакрот кај Младеновац кога Урош Б. (21) уби осум и рани 14 лица во селата Дубона и Мало Орашје.
По злосторството кај Мали Пожаревац, осомничениот млад човек влегол во такси и седнал на задното седиште до девојка.
Според досегашните сведочења, тој имал бомба во раката и му наредил на таксистот да го вози до Вињиште кај Крагуевац. Таксистот му рекол дека првин ќе ја остави девојката до нејзината дестинација за која подоцна се дозна дека излажала оти е бремена за да се спаси, пишува „Телеграф“.
Според сведоците, осомничениот влегол во таксито многу нервозен, но со тек на времето успеал да се смири. Таксистот го однел во Вишњиште кај неговиот вујко, каде што бил уапсен рано наутро.
Само неколку дена подоцна, полицијата, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Смедерево, го уапси и Р. Б., таткото на Урош, а минатата недела и вујкото. Тие се во притвор и против нив се води постапка.
Во Специјалната затворска болница во Белград веќе десет дена се врши вештачење на Урош Б.
Во Обвинителството го признал делото и кажал дека луѓето го омаловажувале.
Жртвите на Урош биле претежно млади луѓе, кои ги убивал со автоматски пушки и пиштоли.
Доколку се докаже дека убиството го извршил здрав, може да биде осуден на затворска казна до 20 години. Полицијата го пронашла оружјето со кое го извршил делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.