Свет
Tрамп утре ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека Белата куќа утре напладне ќе го објави долгоочекуваниот мировен план за Блискиот Исток.
Трамп ова го изјави пред новинарите за време на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа.
Американскиот претседател рече дека на Палестинците би требало да им се допадне планот и смета дека е добар за нив, пренесе „Ројтерс“.
Трамп треба да се сретне и со ривалот на Нетанјаху, лидерот на партијата Сино и бело, Бени Ганц.
Белата куќа се надева дека доколку планот биде поддржан и од Нетанјаху и од Ганц, Трамп ќе помогне да се постигне одреден напредок.
Како што се наведува, планот на Трамп е резултат на тригодишните напори на високите советници Џаред Кушнер и Ави Берковиз, како и Џејсон Гринблат.
Предлогот е напишан на повеќе од 50 страници и има цел да го реши најтешкиот проблем на Блискиот Исток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

