Контакт

Вести

Трамп по санкциите за Русија: Време е да се занимаваме со поважни работи

Објавено пред

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека следната недела ќе се сретне со првите луѓе на американските тајни служби, по одлуката на американскиот претседател во заминување Барак Обама да воведе санкции кон Русија заради наводно вмешување во претседателските избори.

dobivaj vesti na viber

Трамп преку соопштение рече дека очекува водечките луѓе на сите агенции да го информираат за сите факти.

Но, време е нашата земја да почне да се занимава со поважни и подобри работи“, додаде Трамп.

Американскиот претседател Барак Обама нареди во четврток протерување на 35 руски дипломати и воведе санкции за функционерите во руските разузнавачки служби за кои Вашингтон верува дека се мешале во американските претседателски избори.

Трамп порано рече дека не верува во таквите обвинувања и не е познато дали ќе ги укине овие санкции по стапувањето на функција на 20 јануари. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет29 минути

Орбан: Пред нас се уште понестабилни, непредвидливи и опасни години

Американските акции против Венецуела дадоа дополнителен доказ дека сегашниот глобален поредок се распаѓа, додека новиот свет сè уште не е...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е на страната на Мадуро, тие и по 48 часа се без став за апсењето на венецуелскиот диктатор

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека опозициската СДСМ и по 48 часа нема изнесено став за апсењето на венецуелскиот лидер Николас...

Култура2 часа

Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар...

Култура2 часа

Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар...

Свет3 часа

Би-Би-Си: Апсењето на Мадуро е опасен преседан за целиот свет

Апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, претставува сериозен преседан во меѓународните односи и...

Свет3 часа

Кина е бесна поради акцијата на САД, Трамп: Имам добар однос со Кси

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не верува оти операцијата на САД во Венецуела ќе им наштети на односите...

Македонија4 часа

Облачно со дожд и засилен јужен ветер, заладување кон крајот на неделата

Времето денес ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа засилен ветер од јужен...

Македонија16 часа

Жената која го усмрти човекот во Волково воопшто не обрнала внимание на пешаците, велат од ОЈО

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето...

Македонија20 часа

Орце, неговата сопруга и сопругата на премиерот готвеа за бездомните лица во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со сопругата Мартина и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, во пресрет на најубавиот...

Топ22 часа

Жена со мерцедес усмрти 60-годишен пешак во Скопје

60-годишен пешак загина откако беше прегазен од автомобил  мерцедес управуван од 40-годишна жена од Скопје. Несреќата се случила на улицата...

Свет23 часа

Девојче на 14-годишна возраст е најмалата жртва во пожарот кој избувна за време на новогодишната ноќ во Швајцарија

Швајцарските експерти досега идентификуваа 24 од 40-те лица кои загинаа во пожарот во барот за време на Нова година во...

Свет1 ден

Идентификувани 11 жртви од пожарот во Кран Монтана, меѓу нив е и детето од Македонија по кое се трагаше

Првите единаесет жртви од катастрофалниот пожар во швајцарскиот ски-центар Кран Монтана, во кој загинаа вкупно 40 лица, се идентификувани, соопшти...

Свет1 ден

(Видео) Мадуро префрлен во притворскиот центар во Њујорк

Заробениот венецуелски претседател Николас Мадуро, откако со авион беше пренесен во Њујорк, светските медиуми објавуваат дека тој веќе е задржан...

Македонија2 дена

Жив и здрав е најден планинарот по кој се трагаше на Пелистер

Планинар од Прилеп кој претпладнево беше пријавен за изгубен на подрачјето на Националниот парк „Пелистер“ е пронајден, жив и здрав,...

Свет2 дена

Отворена е истрага против сопствениците на барот во Швајцарија

Отворена е кривична истрага против двајцата сопственици на барот што изгоре во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, при што загинаа 40 лица,...

Македонија2 дена

Планинар се изгуби на Пелистер, во тек е акција за негово пронаоѓање

Планинар е изгубен на подрачјето на Националниот парк Пелистер во близина на локацијата позната како „Антена“. Акцијата за негово пронаоѓање...

Свет2 дена

Срби, Италијанци, Швајцарци… загинаа во пожарот во Кран Монтана

Швајцарската полиција го објави идентитетот на првите жртви на катастрофалниот пожар што се случи на новогодишната прослава во бар во...

Свет2 дена

(Видео) Страшни сведоштва на луѓе кои спасувале повредени во пожарот во Кран Монтана

Француски туристи кои случајно се нашле во близина на пожарот во швајцарскиот Кран-Монтана раскажуваат за драматичните сцени и помошта што...

Македонија2 дена

УЈП во 2025 собрале над четири милијарди евра од даноци

Управата за јавни приходи денеска информира дека во 2025 година во националниот буџет се собрани 4 милијарди и 426 милиони...

Свет2 дена

Од новогодишната забава до масовна трагедија во Швајцарија

Истражителите во Швајцарија се обидуваат да утврдат како и зошто пожарот што избувна за време на новогодишната ноќ во барот...