Контакт

Вести

Пукање во Белград, две лица повредени

Објавено пред

Две лица се повредени во пукањето кое се случи во раните утрински часови во Белград.

dobivaj vesti na viber

Утрово најпрвин на паркинг во близина на еден кафе бар во градот било пронајдено момче со прострелна рана во главата. Тој се наоѓа во критична состојба и е сместен на Ургентен центар каде се бори за живот, пишуваат српските медиуми.

Српски „Телеграф“ повикувајќи се на свои извори во истрагата пишува дека момчето и натаму е во животна опасност, но и дека во попладневните часови, по скоро пет часа се појавила девојка која била ранета во истото пукање.

Нешто пред 16 часот со повреда на градите, се појавила девојка, се испостави дека имала повреди од куршуми и дека таа била застрелана од истиот човек кој го погодил младото момче во главата, пишува „Телеграф“.

Девојката додаваат оттаму не била на местото на несреќата во раните утрински часови кога пристигнала полицијата. Според извори од истрагата, повредената девојка била со момчето. Според нив, пишува „Телеграф“, напаѓачот ја киднапирал девојката и по неколку часа ја ослободил.

Напаѓачот се уште и е непознат на полицијата и по него се трага. Како што пренесоа тамошните медиуми во текот на денот за влез и излез од Белград имало киломатарски колони, бидејќи полицијата прави проверки во потрага по напаѓчот.

 

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Пет години странски јазици се учат без учебници, четворица министри не успеаја да ги обезбедат

Петта по ред учебна година учениците од основните училишта учат странски јазици без учебници. Министерството за образование и оваа година...

Топ12 часа

Осуденик пронајден починат во затвор во Скопје

Вчера во 08.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во притворското одделение,...

Македонија15 часа

(Видео) „Пендаровски, кога глумеше скромен, рече дека ќе ангажира тројца вработени за потоа да бара средства за четворица“, вели Јаревски

„Стево Пендаровски глумеше скромност и кога рече дека во својот кабинет за поддршка ќе ангажира само 3 лица. Два месеци...

Македонија15 часа

Запленети облека, обувки, бижутерија, очила, рачни часовници, камагра

Во текот на минатата недела царинските службеници открија повеќе обиди за шверцување, при што привремено се задржани облека, обувки, бижутерија,...

Македонија15 часа

Нов земјотрес во Македонија

Нов земјотрес е регистриран во Македонија по скопскиот, кој доцна синоќа ги разбуди скопјани. Потресот е со магнитуда од 2...

Македонија17 часа

Муцунски во Њујорк: Злото од војна и конфликти мора да остане во минатото

На маргините на 79. Генерално собрание на Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна...

Спорт18 часа

Македонскиот шахист Тони Лазов олимписки вицешампион

Македонскиот интернационален мајстор Тони Лазов освои сребрен медал на втората табла на 45. Шаховска олимпијада што се одржа од 10...

Македонија18 часа

По назначувањето на новото раководство, значително е намален бројот на заостанати предмети, велат од Агенцијата за катастар на недвижностите

Значително е намален бројот на заостанати предмети во Агенцијата за катастар на недвижности. Во последните два месеци, бројот на заостанати...

Свет19 часа

Бајден: САД прават сè за да спречат избувнување поширок конфликт на Блискиот Исток

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изрази загриженост за тензиите на Блискиот Исток поради стравувањата дека ескалацијата на нападите меѓу Хезболах...

Македонија21 час

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Топ2 дена

Пожар избувна во угостителски објект во центарот на Охрид

Пожар поладнево избувна во угостителски објект во центарот на Охрид, на Градски плоштад, а повредени лица нема. Пламенот избувна во...

Топ2 дена

Улични кучиња искасаа граѓани во Аеродром и Карпош

Полицискиот билтен и денес бележи случаи на граѓани каснати од улични кучиња. Вчера во 18.00 часот во полициската станица Аеродром,...

Топ2 дена

Едниот продавал, другиот купувал марихуана, двајцата добија кривични пријави

СВР Битола поднесе кривична пријава против  А.С.(25) и А.А.(20), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ му порача на СДСМ дека платите растат и можат само да учат како се работи

„Со СДС Македонија ја престигнаа Албанија и БИХ во раст на БДП по глава на жител, а сега се работи...

Топ2 дена

Удрил во 73-годишен велосипедист, го оставил тешко повреден и побегнал

Вчера околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско косовска бригада“ во Скопје, патничко возило удрило во...

Топ2 дена

Се запали фурна во неготинското село Криволак, нема повредени лица

Во ОВР – Неготино рано изутрина, во еден часот, пријавено било дека во неготинското село Криволак, настанал пожар во објект...

Македонија2 дена

Од денес започнува есента

Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата...

Македонија2 дена

Кавадарци му предаде 220 безбедносни камери на МВР и се вклучи во проектот „Безбеден град“

Со повеќе од 220 камери на територијата на градот кои денеска му беа предадени на Министерството за внатрешни работи, Кавадарци...

Европа2 дена

Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони

Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи. Поројните врнежи предизвикаа...

Македонија3 дена

Премиерот Мицкоски вели дека во есенската кошница се производите кои се најкористени од граѓаните

Со есенската потрошувачка кошница се опфатени производи коишто се најкористени од страна на граѓаните, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во...