Контакт

Вести

Трамп сака да оди на Месечината

Објавено пред

Додека поранешната администрација на претседателот Барак Обама ја одбегнуваше, Месечината на новиот претседател Донал Трамп му стана многу посакувана дестинација, така што тој почна да го поттикнува приватниот сектор во кој гледа ветувачки потенцијал.

dobivaj vesti na viber

Иако Трамп малку за тоа отворено зборуваше, неговите соработници и поранешни вработени во НАСА кои го советуваат, велат дека постои интерес за враќање на Месечината во рамки на партнерствата со приватниот сектор.

Милијардерот Елон Маск(Space X) и Џеф Безос(Amazon) се сретнаа неколку пати со советниците на Трамп по изборите.

„Сигурно дека постои нов интерес за Месечината во администрацијата на Трамп“, рече Џон Логсдон, поранешен директор на Институтот за вселенска политика во Вашингтон.

Некои од советниците на новиот претседател работеле на програмата Constellation на поранешниот претседател Џорџ В. Буш, кој го предвиде враќањето на Месечината пред мисијата на Марс.

Но, Барак Обама, оценувајќи ја Constellation за прескапа, се откажа од таа мисија, појаснувајќи дека САД биле на Месечината и дека треба да се фокусираат на Марс.

Некои од луѓето вклучени во таа мисија сè уште се лути бидејќи сметаат оти одлуката за откажување била погрешна.

Други се надеваат на амбициозниот вселенски проект на Трамп, кој би го вклучувал јавното-приватно партнерство.

„Администрацијата на Трамп сака да направи нешто спектакуларно и храбро и Месечината сигурно е идеја“, рече Ерик Сталмер, претседател на Федерацијата на комерцијални вселенски летови. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

ФЗО ќе покрива шест, наместо досегашните три ин витра за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство

Вкупно шест наместо три обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) ќе бидат овозможени на товор на Фондот за здравствено осигурување...

Македонија50 минути

Пожарникарите се бореа со огнови на 38 места во државава, 30 се изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 38 пожари од кои три активни, пет ставени под контрола и 30...

Македонија4 часа

Во Кочани нема да има концерт за Петровден, Крстевски го откажа на барање на родителите на загинатите деца во „Пулс“

Откажан е музичко забавниот дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани. Ваква одлука вчера донесе в.д....

Македонија16 часа

„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска. „Она што ѝ...

Македонија16 часа

(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи. Во објавата на социјалните...

Македонија16 часа

(Видео) „Тошковски ако се плашиш бе момче дај си оставка“: Арсовска обвини дека МВР функционира во одбрана на криминалци

Градоначалничката Данела Арсовска се огласи преку социјалните мрежи, откако излезе од полициската станица, по денешниот напад врз неа. „Штотуку излеговме...

Македонија16 часа

Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, а од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сè уште нема ни збор за осуда, вели Филипче

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, повика на итна одговорност и поведување постапка против насилниците кои денеска брутално...

Македонија18 часа

„Истрага за полициските службеници што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска“, бара Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што...

Македонија20 часа

(Видео) СДСМ со осуда за нападот на Арсовска: Тоа е срам за државата и порака до сите граѓани дека ако зборуваат за криминал и неправда, ќе бидат замолчени со сила

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, најостро го осудува нападот врз официјални лица од Градот Скопје. Овој брутален напад е последица на...

Македонија21 час

Aрсовска нападната во Чаир додека извршувала работни задачи: побарала лекарска помош

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, денеска е физички нападната при извршување работни задачи во Чаир. Кон неа биле упатени...

Македонија21 час

Сторителот од Батинци е идентификуван, но е во бегство, соопшти ОЈО

Дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на настанот во Батинци, каде што денеска се случил трагичен инцидент. Од Обвинителството...

Регион21 час

Мицкоски треба да најде начин да се извини, вели бугарскиот премиер

Наративот и изразувањето на премиерот Христијан Мицкоски ќе им го оставам на оние што го познаваат Езоп. Република Македонија мора...

Македонија22 часа

Припадник на Армијата загина во трагичен настан во Батинци: Mинистерството за одбрана го потврди случајот

Од Министерството за одбрана информираат дека лицето со иницијали А. М. од скопското село Батинци, кое било нивен припадник, е...

Регион23 часа

Фон дер Лајен: ЕУ знае дека е одговорна за неуспехот да се спречи геноцидот во Сребреница

Европската унија никогаш нема да заборави што се случи во Сребреница пред 30 години, ја признава својата одговорност за неуспехот...

Економија24 часа

Поставен камен-темелник на новата фабрика на „Чагатај кабло“, инвестиција вредна 6 милиони евра

Поставен е камен-темелник на новата фабрика на „Чагатај кабло“, инвестиција вредна 6 милиони евра и 200 нови работни места, изјави...

Топ1 ден

Детали за драмата на пазарот во Битола: го избол со нож по расправија за тезга

Полицијата објави детали за настанот на пазар во Битола во кој едно лице со кујнски нож избоде продавач на тезга...

Македонија1 ден

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски Брод, Дојран, Тетово – тестиран системот за масовно известување

До утрово, во земјава се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор. Од нив, седум се активни, четири се ставени...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот

Бугарија е разобличена пред Европа и светот, се потврди уште една неправда кон Македонија дека не станува збор за Бугарите...

Македонија1 ден

Бугарското МНР реагира откога беше повикан нивниот амбасадор: „Се демонстрира непочит кон нашата земја“

Министерството за надворешни работи на Бугарија реагираше на, како што ги оцени, „навредливите, неприфатливи и непријателски“ изјави од страна на...

Македонија1 ден

Делови од Скопје утрово ќе останат без струја

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денес, без електрична енергија ќе останат: · од 07:00 до 12:00 часот, дел од...