Контакт

Вести

Путин: САД создадоа услови за нова трка во вооружувањето

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин во петок ја одржа традиционалната годишна прес конференција, за која беа акредитирани над 1.400 новинари.

dobivaj vesti na viber

Како што рече, за оваа пригода се подготвувал со денови и „многу сериозно“.

На конференцијата Путин одговараше на прашања за надворешната политика на Русија, за американските избори, за ситуацијата во Сирија, за убиството на рускиот амбасадор, економските проблеми, односите со Доналд Трамп и многу други. Конференцијата траеше речиси четири часа.

На конференцијата некои новинари се обидоа да го прашат Путин за неговиот љубовен живот.

„Може едно прашање за љубовта?“, праша една новинарка.

Путин ја одби.

„Ако ја оддолжиме конференцијата, нашата љубов наскро ќе премине во омраза“, рече рускиот претседател.

Путин одговараше и на прашањето што смета за своја најголема грешка, без да даде прецизен одговор.

„Секој човек прави грешки, важно е да се извлече поука“, одговори.

За тоа што ќе разговара на првиот состанок со Трамп, Путин рече дека очекува билатералните односи меѓу двете земји да се свртат кон нормална меѓудржавна соработка заради решавање на проблемите со кои се соочуваат двете земји и целиот свет, пред сѐ во областа на безбедноста и економскиот развој.

Според Путин, визите за Европа се анархизам.

„Треба да се обезбеди слободно движење на граѓаните на сите европски држави“, рече Путин.

Тој зборуваше и за неодамнешното труење во Сибир, кога најмалку 74 луѓе починаа бидејќи конзумирале лосиони со метанол.

„Тоа е ужасна трагедија. Немам зборови за тоа“, рече Путин. При тоа додавајќи дека многу луѓе прават домашни алкохолни пијалаци и дека не може да сфати зошто тоа се прави.

Рускиот претседател, одговарајќи на новинарските прашања, уште рече дека следните денови Русија ќе започне со испорака на гас за Крим.

„Во следните два или три дена ќе објавиме завршување на работите и ќе започне испораката на гас“, рече Путин.

Тој уште рече дека односите меѓу Русија и Кина се одлични и дека се повеќе од стратешко партнерство.

„Кина е наш важен економски партнер и имаме многу заеднички проекти, но и интереси во надворешната политика“, рече Путин.

На прашање дали ќе учествува на следните претседателски избори, Путин со одговор: „Ќе следам што се случува во земјата и светот и од таа појдовна точка ќе биде донесена одлука за учество или неучество на изборите за следен руски претседател“.

Путин повика и на обединување во борбата против тероризмот.

Тој на германски јазик изрази сочувство за жртвите што настрада во неодамнешниот напад во Берлин.

Путин истакна дека западните разузнавачки агенции ја прекинале соработката со руските, што според него, ја олеснило работата на терористите.

Рускиот претседател, одговарајќи на прашање за односите со ЕУ, рече дека на Русија и е потребна силна Европа.

Според Путин, Европјаните сами треба да ги решат проблемите како што е мигрантската криза.

Тој истакна дека Русија ќе тежнее за развој на односите со Европа како единствен партнер, но е подготвена да развива врски со секоја земја посебно.

Во врска со Украина, Путин рече дека Русија реагирала во Украина бидејќи морала.

„Не се чувствувам виновен за тоа што се случи“, рече Путин.

Тој понатаму додаде дека Русија ќе го намали производството на нафта и ќе соработува со ОПЕК, за да ја поддржи глобалната цена на нафтата.

Шефот на руската држава ја нагласи важноста на акциите на Саудиска Арабија, Јордан, САД и Египет во Сирија.

„Подготвени сме да разговараме со сите“, истакна Путин.

Рускиот претседател говореше и за нуклеарното вооружување.

„Не е тајна, извршивме голема модернизација на нуклеарниот потенцијал на Русија, тоа се однесува на ракетите за стратешка намена позиционирани на копно, атомските подморници со нови типови на ракети, носачи на ракети на авионите и ударните системи. Делуваме строго во согласност со сите договори. Ние само одговараме на она што Америка го направи“, рече Путин.

Тој уште истакна дека САД со повлекувањето од договорот за ограничување на нуклеарното вооружување создале услови за нова трка во вооружувањето, но дека Русија нема да учествува во тоа бидејќи не може да си го дозволи тоа.

„Ние до 2021 година треба да имаме 70 отсто од најновото и новото вооружување, а веќе сега е околу 50 отсто. Во целост ги реализираме своите планови“, рече Путин.

Рускиот претседател се осврна и на изјавата на Доналд Трамп дека САД ќе ги зајакнат нуклеарните капацитети.

„Што се однесува до Трамп, тој и претходно говореше за јакнење на нуклеарната одбрана на САД, но повеќе изненадува сегашната администрација која почна да докажува дека ги имаат најмоќните Оружени сили. Тоа никој не го оспорува“, рече Путин.

На новинарско прашање за наводното мешање на Русија во американските избори, Путин рече дека тоа е неточно.

„Знаеме дека Демократската партија загуби не само на претседателските избори, туку и за Сенатот, Конгресот, дали е и тоа мое дело? Сѐ говори дека актуелната администрација има проблеми, дека постои расчекор во сваќањето што е добро, а што лошо меѓу елитата и народната маса“, рече Путин.

„Загубија на сите фронтови. Ние знаевме дека тој ќе победи, а никој друг не знаеше“, истакна рускиот претседател.

Путин за незадоволството на Американците од исходот на изборите го обвини нивниот изборен систем.

„Нивниот изборен систем е застарен и не е фер“, рече Путин.

Тој упати критики и до американската Демократска партија.

„Партијата што се нарекува демократска, го заборави значењето на овој збор“, рече шефот на руската држава.

Путин изрази надеж дека односите меѓу Русија и Украина ќе се нормализират и повика да продолжи работата во нормандискиот формат.

За убиството на амбасадорот во Анкара, рускиот претседател рече дека тоа претставува напад на Русија и на руско-турските односи, но дека добрите односи со Турција ќе продолжат.

„Сега го менувам мислењето дека турското раководство дало налог за соборување на рускиот Су-24 во Сирија“, рече Путин.

„Бев скептичен кон зборовите дека нашиот авион бил соборен без дозвола на турското воено раководство, но сега, по убиството на амбасадорот, почнувам да верувам во сѐ“, додаде тој.

Годишната конференција на Путин била сериозно подготвувана, а претседателот се подготвувал многу внимателно.

Конференцијата првично беше закажана за четврток, но заради погребот на рускиот амбасадор Андреј Карлов, убиен во Анкара, поместена е за петок напладне по локално време.

Оваа година за конференцијата се акредитира рекордни 1.437 новинари од целиот свет, што се 47 новинари повеќе од минатата година.

разговорот со претставниците на седмата сила во декември 2015 година траел подолго од три часа, а за тоа време Путин одговорил на повеќе од 40 прашања.

Најдолгата конференција за печат што ја има одржано Путин била во 2008 година, кога рускиот претседател за четири часа и 40 минути одговорил на повеќе од 70 прашања. /крај/ст

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија3 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија5 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија5 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија5 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија6 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион7 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет7 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија8 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа8 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет8 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет9 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет9 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет10 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа10 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет21 час

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет23 часа

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет1 ден

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет1 ден

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет1 ден

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...