Свет
(Видео) Во тек е голема азербејџанска офанзива, ранети 10 лица
Вооружениот конфликт меѓу Ерменија и Азербејџан за територијата Нагорно-Карабах влегува во шестиот ден. Бројот на загинати се зголемува, како и заканите и обвинувањата од двете страни.
Десет лица беа ранети во азербејџански артилериски напад врз седиштето на спасувачката служба во Арцах. Сепак, станува збор за полесни повреди. Зградата на спасувачката служба е делумно уништена, прозорците скршени, sидовите срушени, а оштетени автомобили се расфрлани на паркингот.
10 people have been wounded in an #Azerbaijan|i artillery strike on the Artsakh Rescue Service HQ
Thankfully, the wounds are all light. The NKR Rescue Service building has been partially destroyed,with broken windows,collapsed walls and damaged cars strewn throughout parking lot pic.twitter.com/0hpNIV8AD9— Armenian Unified Infocenter (@ArmenianUnified) October 2, 2020
Исто така, објавена е снимка на која се гледа дека азербејџанските сили уништиле ерменски тенк.
Ерменскиот премиер Никол Пашинијан ја обвини Турција дека тргнала по патот на геноцид помагајќи му на Азербејџан во борбата, а од Баку ги напаѓаат Ерменците дека пукаат врз цивили и населени места во Азербејџан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Туристот што го уби ајкула во Египет е дипломат од ЕУ, бил на патување за да го прослави роденденот
Еден турист загина, а друг е повреден вчера во напад на ајкула во египетското одморалиште Марса Алам. Италијанското Министерство за надворешни работи соопшти дека биле нападнати италијански државјани.
Министерството соопшти дека нападот се случил во длабока вода надвор од областа за капење во близина на столбовите во северниот дел на Марса Алам, додавајќи дека пливањето надвор од обележаната зона е забрането.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, ајкула го убила дипломатот на ЕУ Џанлука Ди Џоја (48). Ди Џоја работеше во Европската служба за надворешни работи. Тој го прославувал својот роденден во одморалиштето и во моментот на нападот пливал со својот пријател Џузепе Фапани (69).
Сопругата на Фапани била сведок на се. Таа изјави за локалните медиуми дека нејзиниот сопруг допливал кон Ди Џоја за да се обиде да ја исплаши ајкулата, но ајкулата ги нападнала и двајцата. Сведок на нападот била и сопругата на Ди Џоја.
Ајкулите живеат во Црвеното Море, но средбите со нив се ретки. Марса Алам е египетски крајбрежен град познат по своите корални гребени, морскиот свет и плажите. Последниот таков инцидент се случи во јуни 2023 година, кога ајкула уби руски државјанин во Хургада, друг крајбрежен град на Црвеното Море северно од Марса Алам.
Минатиот месец во истата област потона туристички брод, при што загинаа четири лица, а седум се водат како исчезнати.
Регион
Девојка го обвини Милан Калиниќ за напад, тој тврди дека не знае за што се работи
Девојка го пријавила српскиот водител и актер Милан Калиниќ за физичко насилство. Според достапните информации, полицијата на 29 декември околу полноќ добила пријава, а девојката изјавила дека актерот ја нападнал по кратка расправија.
Како што пишуваат српските медиуми, девојката тврди дека Калиниќ ја удрил со тупаница во главата. По пристигнувањето во станот во кој се случил инцидентот, полицијата утврдила дека актерот веќе го напуштил местото на настанот.
Според информациите објавени во медиумите, девојката била удрена додека седела на стол, удирајќи ја во десната слепоочница, при што добила модринка под окото. Во полиција изјавила дека сама ќе побара лекарска помош.
Јавниот обвинител на обвинителството во Белград бил информиран за инцидентот и наредил собирање на потребни докази и итна проценка на ризикот согласно Законот за спречување на семејно насилство. Со проценката е утврдено дека постои непосредна опасност од семејно насилство, поради што на актерот му е изречена итна забрана за контакт и приближување кон жртвата.
На медиумите им се обрати Милан Калиниќ кој изјави дека не знае за што се работи.
„Ја знам девојката, ги видов иницијалите, но не ги разбирам овие наводи. Никого не сум допрел ни со прст. Се е во ред, не знам за што се работи. Можно е ова да е поврзано со моите неодамнешни објави на социјалните мрежи, но не знам што друго би можело да биде во прашање“, рече тој.
Свет
Италијанскa новинарка уапсена во Иран, непознати се точните обвиненија
Иран го потврди апсењето на италијанската новинарка Сесилија Сала, објави државната новинска агенција ИРНА, повикувајќи се на иранското Министерство за култура, пренесува Си-Ен-Ен. Италијанското Министерство за надворешни работи минатиот петок соопшти дека Сала е уапсена во Техеран.
ИРНА во понеделникот објави дека Сала била приведена на 19. декември поради кршење на законите на Исламската Република Иран.
„Нејзиниот случај во моментов е под истрага. Апсењето е извршено во согласност со релевантните прописи, а италијанската амбасада во Техеран е информирана“, се вели во соопштението на ИРНА.
Новинарката во затворот ја посетила италијанската амбасадорка Паола Амадеи за да ги провери условите и околностите на нејзиниот притвор, се наведува во соопштението и се додава дека Сала претходно имала право на два телефонски јавувања со членовите на семејството.
„Се уште не знаеме за што е обвинета“, изјави завчера пред новинарите италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.
Министерот исто така додаде дека на Сала не и било дозволено да ја посети адвокат во затворот до пред два дена.
Сала е новинарка на италијанскиот дневен весник „Ил Фољо“, кој пишува дека е задржана во затворот Евин во Техеран. Сесилија била во Иран со редовна виза за да известува за земјата што ја познава и сака, истакнувајќи ги проблемите како што се сузбивањето на слободата на говорот и заканите за новинарите.
„Новинарството не е криминал. Да ја вратиме Сесилија Сала дома“, напиша главниот уредник на „Ил Фољо“, Клаудио Цераса.