Свет
Во Швајцарија избодел три деца на пат кон градинка
Маж нападнал и повредил три мали деца кои оделе во градинка во Цирих, соопшти швајцарската полиција. Осомничениот е уапсен.
Нешто попладне полицијата добила дојава за инцидентот во областа Оерликон во најголемиот швајцарски град. Полицијата соопшти дека децата биле на пат кон градинката со жена која работи во установата кога маж ненадејно ги избодел со нож.
Вработената во градинка брзо го совладала напаѓачот со помош на друг маж и го држела додека не дојде полицијата. Полицијата соопшти дека напаѓачот е 23-годишен кинески државјанин, пишува „Асошиејтед прес“.
Три петгодишни момчиња се пренесени во болници, од кои едно со тешки и две со умерени повреди, се вели во соопштението на полицијата. Полицијата не соопшти детали за можниот мотив за нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„За нив доживотна е премалку, сето ова можеше да се спречи“: родителите на убиените деца во „Рибникар“ по пресудата
Родителите на момчето кое изврши масовно убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ денеска беа прогласени за виновни и осудени на вкупно 17 и пол години, Владимир Кецмановиќ на 14 години и 5 месеци затвор, Миљана Кецмановиќ на 3 години, инструкторот на стрелиште е осуден на 15 месеци затвор за лажно сведочење а Анѓелко Аќимовиќ, ја коментираа пресудата.
Владимир и Миљана заслужуваат доживотен затвор и сето тоа можело да се спречи, оценува тој.
За пресудата зборуваше и главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Ненад Стефановиќ кој рече дека е задоволен од пресудата што денеска им беше изречена на родителите на детето кое на 3 мај 2023 година уби девет ученици и еден чувал во основното училиште „Владислав Рибникар“ и ранил уште пет деца и наставник по историја, иако, како што рече, оваа пресуда не може да ги замени трагичните последици од ова злосторство.
„Ја докажавме вината на родителите и дека нивното грубо запоставување на детето и неправилно ракување со оружјето е причина за оваа невидена трагедија. Посебно ме радува што судот и Владимир и Миљана Кецмановиќ ги осуди на максимална казна за кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице“, нагласи Стефановиќ.
Но, тој смета дека и за другите обвинети се соодветни максималните казни за кривичните дела за кои се обвинети, имајќи ја предвид тежината на последиците од неговите постапки.
Свет
Берлин: Илон Маск се обидува да влијае на изборите во Германија
Американскиот милијардер Илон Маск се обидува да влијае на парламентарните избори во Германија закажани за 23 февруари, изјави денеска портпаролката на германската влада.
Таа рече дека Маск навистина се обидува да влијае на претстојните избори во Германија со своите најави на платформата Х, како и со отворената поддршка за десничарската Алтернатива за Германија (АфД) викендов.
Портпаролката на германската влада посочи дека Маск е слободен да го каже своето мислење, но наведе дека „слободата на мислење ги покрива и најголемите глупости“.
Маск ја поддржа АфД, стоеше во написот објавен во саботата од германскиот весник „Велт ам Зонтаг“, што го натера уредникот на делот за коментари да поднесе оставка во знак на протест.
Во коментарот Маск ја прошири објавата што ја сподели на платформата Икс минатата недела кога тврдеше дека „само АфД може да ја спаси Германија“, објави Ројтерс.
Германската домашна разузнавачка агенција ја класифицира АфД на национално ниво како екстремистичка партија од 2021 година.
AФД е втора според анкетите и можеби ќе може да го спречи формирањето на централно-десничарско или левичарско мнозинство, но центристичките партии во Германија ветија дека нема да бараат поддршка од партијата на национално ниво, пренесуваат тамошните медиуми.
Регион
Осудени родителитe на момчето убиец од „Рибникар“: таткото доби 14,5 години затвор
Високиот суд во Белград ги прогласи за виновни Владимир и Миљана Кеcмановиќ, родителите на момчето кое на 3 мај 2023 година застрела девет ученици и еден чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ и рани уште пет ученици и наставник по историја.
Владимир Кецмановиќ е прогласен за виновен за предизвикување општа опасност поради тоа што неправилно складирал оружје и муниција и со тоа му овозможил на својот тогаш 13-годишен син да изврши масовно убиство, како и кривично дело запуштање и злоупотреба на малолетно лице. Тој доби 14,5 години затвор.
Миљана Кецмановиќ е прогласена за виновна за недозволено држење, носење и пуштање во промет оружје и експлозивни материи, бидејќи на чаурата од куршумите пронајдена во кабинетот по историја била пронајдена нејзина ДНК, како и за кривично дело запуштање и злоупотреба на малолетно лице. Таа доби три години затвор.
Немања Маринковиќ, инструктор по стрелање од стрелиштето каде Владимир Кечмановиќ го носеше својот син на вежбање стрелање, е осуден на 15 месеци затвор поради давање лажен исказ во текот на истрагата.
Ратко Ивановиќ, сопственикот на спорното стрелиште, веќе во јули годинава склучил договор со Вишото јавно обвинителство. Признал дека дал лажен исказ и се согласил на казна од пет месеци куќен притвор.
Јавноста беше лишена од образложението на пресудата, со оглед на тоа што дел од пресудата беше затворен за јавноста, пренесуваат тамошните медиуми.
Иако родителите првично не беа обвинети за кривично дело злоупотреба и запуштање на малолетно лице, Вишото јавно обвинителство во Белград во октомври го прошири обвинението. Според обвинението, тие ја занемариле психичката и емоционалната состојба на своето дете и не реагирале адекватно на состојбата на чувство на отфрленост и неприфатеност која се развила кај детето.
Проширувањето на обвинението следеше откако момчето убиец беше пуштено од болницата во која беше првпат по делото и беше пренесено во зградата на Специјалниот суд во Белград во придружба на полиција и брза помош, каде сведочеше во кривичното дело постапка против неговите родители.