Свет
Зошто Индија го нарече својот напад врз Пакистан „Операција Синдор“

Индија синоќа изврши воздушни напади врз цели во Пакистан и во пакистанскиот Кашмир, а Исламабад одговори со тврдење дека соборил пет индиски борбени авиони во најсериозниот вооружен конфликт меѓу двете нуклеарно вооружени држави во последните дваесет години.
Индиската страна објави дека биле погодени девет цели поврзани со терористичка инфраструктура. Нападот беше наречен „Операција Синдор“.
Justice is Served.
Jai Hind! pic.twitter.com/Aruatj6OfA
— ADG PI – INDIAN ARMY (@adgpi) May 6, 2025
Индиските медиуми објавија дека името „Операција Синдор“ е референција за синдор, црвен прав што жените во Индија го носат во косата како знак дека се во брак.
Се нанесува на патецот на косата и често е дел од хиндуистичките обичаи и ритуали, особено на свадбите. Мажените жени го нанесуваат секојдневно, а вдовиците не.
Red sindoor embodies Shakti-divine feminine power. Worn at the hair-parting (ajna chakra), it ignites intuition, strength & spiritual clarity. A sacred mark of energy, wisdom & connection to the Goddess within. 🔥 pic.twitter.com/u6iYY5pmKy
— Arpit Gupta (@ag_arpit1) April 1, 2025
За време на терористичкиот напад во Пахалгам минатиот месец, неколку жени ги загубија своите сопрузи, кои беа убиени пред нивни очи. По нападот, фотографија од жена што седи во шок покрај телото на својот сопруг стана вирална на социјалните мрежи во Индија. Сцената стана симбол на терористичкиот напад, во кој беа убиени 26 лица.
Жената на фотографијата е Химанши Нарвал. Таа беше во брак со 26-годишниот поморски офицер Винај Нарвал помалку од една недела. Двојката била на меден месец кога Винај бил убиен.
Индиските медиуми објавуваат дека изворот тврди оти името „Операција Синдор“ има цел да ги хуманизира жртвите и да се осигури дека нивната жртва нема да биде заборавена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Црн чад излезе од оџакот на Систинската капела, новиот папа се’ уште не е избран

Над Систинската капела вечерва се појави црн чад, што значи дека при првото гласање на кардиналите на конклавата не беше избран нов папа, наследник на папата Франциско кој почина на 21 април.
Црниот чад не е изненадување бидејќи папата со векови не е избран во првиот круг. Во наредните денови кардиналите можат да гласаат четири пати на ден, двапати наутро и двапати попладне.
Најдобри изгледи за избор на оваа конклава, според аналитичарите имаат италијанскиот кардинал Пјетро Паролин и Филипинецот Луис Антонио Тагле.
Кардиналите сега ќе се вратат во резиденцијата Санта Марта, каде што ќе останат во изолација до утре, кога почнува вториот ден од гласањето.
Свет
Украина има нов моќен дрон

Украина претстави еден од своите најнови и најмоќни ударни беспилотни летала, UAC FP-1, кој може да лета до 1.600 километри и да носи боева глава тешка дури 113 килограми. Ова го прави значително помоќен од претходниот модел PD-1, произведен пред неколку години, кој има домет до 1.000 километри и кој веројатно носи многу полесен товар, пишува Форбс.
Компанијата UAC, заеднички украинско-чешки проект, вложи многу напор за подобрување на деталите за FP-1 да има поголем домет и носивост. Најголемата разлика во споредба со постарите дронови е тоа што нема подвозје. За разлика од PD-1, кој полетува на тркала, FP-1 се лансира од рампа под агол, користејќи ракетен потисок од трупот.
Дронот беше официјално претставен во јавноста за прв пат на неодамнешниот саем во Киев, но се произведува од минатата година и веќе се користи во борба.
Украина се повеќе се потпира на сопствените ударни беспилотни летала, кои редовно напаѓаат цели како што се воздушните бази и рафинерии длабоко во руската територија.
FP-1 се проценува на повеќе од 100.000 долари.
Свет
Пакистанскиот премиер жестоко и се закани на Индија

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф и се обрати на нацијата откако Индија изврши воздушни напади врз цели во Пакистан и Кашмир под пакистанска управа. Во своето обраќање тој остро ги осуди нападите, нарекувајќи ги „кукавички“ и рече дека Пакистан покажал дека знае и може да се брани.
Шариф рече дека во рок од еден час од нападот на линијата на контрола, која ја формира де факто границата меѓу Индија и Пакистан, имало „континуирани борби“ во кои пакистанската армија, како што рече, покажала храброст.
„Тие ги уништија авионите на нашите напаѓачи и непријатели“, рече тој, повторно осврнувајќи се на тврдењата на пакистанската војска дека соборила индиски борбени авиони – што индиските власти досега не ги коментираа.
Премиерот изјави и дека Пакистан го дал својот прв одговор на Индија, нагласувајќи дека Индија ги почнала нападите, но дека Пакистан покажал дека знае да се бори за својата земја.
Во продолжение на својот говор, Шариф откри дека во индиските напади загинале 26 лица, а 46 други, меѓу кои жени и деца, биле повредени. Меѓу загинатите, како што рече, има и седумгодишно момче кое во моментот на нападот било дома со мајка си и брат му.
„Ставете ја раката на срцето“, рече премиерот. „Ви ветувам дека ќе се одмаздиме за секоја капка крв на овие жртви“.