Свет
Украина: 12.000 руски војници загинаа во војната, уништени се и 1.205 оклопни борбени возила
Украинското Министерство за надворешни работи денеска на Твитер објави графика со информации за руската инвазија. Тие посочија колку војници, авиони, тенкови, хеликоптери и тенкови изгубила руската армија.
Според објавените податоци, загинале повеќе од 12.000 руски војници. Украинското министерство наведува дека Русија останала без 58 авиони, 83 хеликоптери, 362 тенкови и 60 тенкови.
Тие тврдат и дека Украинците уништиле седум руски беспилотни летала, 1.205 оклопни борбени возила од различен тип, 135 парчиња артилерија, 62 ракетни системи и 585 возила.
Според украинското министерство, Русија изгубила три брода и 33 противвоздушни системи во војната.
Да потсетиме, пред два дена, официјалната проценка на Америка за бројот на убиени Руси во првите две недели од војната беше меѓу 5.000 и 6.000, додека бројот на ранети руски војници беше проценет на 15.000 до 18.000.
Information on Russian invasion
Losses of the Russian armed forces in Ukraine, March 12 pic.twitter.com/tlESpLpuGX
— MFA of Ukraine ?? (@MFA_Ukraine) March 12, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

