Регион
Брнабиќ му одговори на Ѓукановиќ: Не се мешаме во внатрешните работи на Црна Гора
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека Србија на кој било начин не се меша во внатрешните работи на Црна Гора. Таа исто така рече дека почувствувала потреба како премиер да реагира на тврдењата изнесени од претседателот на таа земја, Мило Ѓукановиќ.
Тој изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и сегашната политика на Србија „покажале многу проблематични намери“ кон Црна Гора и дека од усвојувањето на Законот за слобода на вероисповед во декември, од Белград има силна медиумска и политичка агресија.
Во писмената изјава, Брнабиќ оцени дека станува збро за „обид за политичка измама што Ѓукановиќ го користи со цел да ги објасни причините за изборниот резултат на неговата партија“.
„Во изминатите осум години Александар Вучиќ ги спомена Црна Гора и Мило Ѓукановиќ помалку пати отколку што Ѓукановиќ ги спомена Србија и Вучиќ само во ова интервју, и секој пат, како и многу пати претходно, во негативен контекст“, потенцира Брнабиќ.
Таа посочува дека фактот дека Ѓукановиќ не може да го оспори е дека Србија не се меша во внатрешните работи на Црна Гора на кој било начин и дека тоа не влијаело на изборниот процес во таа земја.
„Не може да стане збор дека Црна Гора на кој било начин е загрозена од Србија и повеќе од јасно е дека Ѓукановиќ е заробен во политичките фрази што ги користеше со години за да добие политички поени со лажни приказни за ранливоста на Црна Гора, наместо да се фокусира на реалните потреби и проблеми на нејзините граѓани“, рече Брнабиќ.
Таа изјави дека Србија сака најдобри можни односи со Црна Гора и сите земји во регионот и дека е посветена на градење стабилен, поврзан и безбеден Балкан.
„Тоа е токму причината зошто Вучиќ ја покрена иницијативата ‘Мал шенген’, така што земјите од регионот ќе соработуваат економски во интерес на сите граѓани. Тоа е најдобрата одбрана против сите политики и политичари кои не можат да излезат од 90-тите години на минатиот век”, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

