Регион
Бројот на загинатите во земјотресот во Албанија се искачи на 35 лица
Бројот на загинатите во земјотресот во Албанија се искачи на 35 лица, објави весникот „Албаниан дејли њуз”, на својот сајт, повикувајќи се на официјални податоци. Претходно беше соопштено дека има за 27 загинати и над 650 повредени.
Министерката за здравство, Огерта Манастирлиу синоќа рече дека здравствената состојба на осуммина е сериозна.Таа додаде дека двајца од повредените најверојатно ќе бидат префрлени во Италија, додека 32 лица се на интензивна нега.
Тлото на Балканот не мирува, податоците објавени на страницата на Евро-Медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) покажуваат дека од синоќа во 19 часот до изутринава се регистрирани 15 земјотреси во регионот, од кои најголем број се во Јадранското море и во Албанија, а се тресеше тлото и во Грција и во Хрватска. Е
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во БиХ
Земјотрес со јачина од 2,9 степени ја погоди денеска Босна и Херцеговина.
Епицентарот бил во близина на Мостар.
Засега не се знае дали е причинета материјална штета.
Регион
Пумпата за базен го повлекла момчето на дното: детали за трагедијата на Златибор
Момче (6) од Белград вчера се удавило во базен на познат хотел на Златибор, а според неофицијални информации, смртта ја предизвикала пумпата од базенот. Кога момчето нурнало, наводно пумпата го повлекла на дното.
Очевидците на оваа трагедија со сите сили се обиделе да го извлечат детето, но не успеале поради вакуумот, а момчето починало.
По наредба на Основното јавно обвинителство во Ужице, на телото на момчето е наредена обдукција.
Полицијата го уапсила сопственикот на фирмата за одржување на базените. На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа. Тој беше обвинет за тешко дело против општата безбедност.
Повреденото момче било придружувано од жена за која постои сомневање дека е баба му, пишува „Блиц.рс“.
Екипата на „Блиц“ стапила во контакт со хотелот во кој се случила трагедијата, но од вработените велат дека не сакаат да даваат изјави за медиумите.
Регион
Работник за одржување базен уапсен поради смртта на момче на Златибор
Полицијата му одредила притвор до 48 часа на одговорниот за одржување на базенот на Златибор, каде што се удави момче (6).
Како што соопштија за „Танјуг“ во Основното јавно обвинителство во Ужице, уапсениот се сомничи за сторено тешко кривично дело против општата безбедност.
Шестгодишно момче на 1 октомври се удави во базен на хотел на Златибор.
На телото на момчето е наредена обдукција.