Контакт

Македонија

(Видео) За шест месеци пријавени 435 случаи на семејно насилство во земјава

Објавено пред

Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи на онлајн трибината „Молкот не е решение”, организирана од Форумот на жени на СДСМ, истакна дека родово базираното насилство продолжува да биде едно од најзначајните повреди на човековите права во сите општества.

dobivaj vesti na viber

„Иако од родово заснованото насилство не се имуни ни жените, ни мажите, но практиката и официјалните показатели, сепак, покажуваат дека мнозинството жртви се припаднички на женскиот пол”, рече потпретседателот Спасовски.

Според статистиката на МВР, во првото полугодие од 2020 година извршени се 435 кривични дела, за кои се пријавени 450 сторители. Висок процент од сторителите 91,3 % се мажи кои вршат насилство врз нивните сопруги и родители. Во однос на начинот на извршување на делата, во 341 случај сторителите употребиле физичка сила врз жртвите, нанесувајќи им телесни повреди, 32 случаи се извршени со ладно оружје, а три со употреба на огнено оружје.

„Оттаму, користењето на  родово базирано насилство како аспект е важно, бидејќи го потенцира фактот дека многу форми на насилство врз жените се вкоренети во нееднаквостите на моќта меѓу жените и мажите”, заклучи потпретседателот Спасовски.

Во обраќањето потпретседателот Спасовски истакна дека не смее да се занемари бројот на фемициди и тоа 5 случаи во 2019 и 4 во првото полугодие од 2010 година. Токму ваквите бројки се силен мотив уште пожестоко да се посвети на темелно третирање на родово базираното насилство, со искористување на сите можни алатки, ресурси и можности за укажување помош и заштита.

„За нас, постапувањето по пријавите за семејно насилство, во услови на Kовид-19, претставува посебен приоритет. За таа цел, меѓу другото, до сите полициски станици доставивме телефонски броеви од советувалишта, невладини организации кои работат со жени жртви на семејно и родово базирано насилство, како и телефонски броеви од националните сервиси, кои согласно своите програми може да преземат мерки за, сместување на жртвата, соодветна здравствена заштита, психосоцијална интервенција, третман, правна помош и застапување и слично”, кажа Спасовски.

Спасовски информираше дека интернет-странicата на МВР и во сите полициски станици, на видно место се објавени постер и брошурата со телефонски броеви за помош и поддршка, како и електронска адреса за поставување прашања за помош и советување.

„Насилството врз жените и родово базирано насилство не познава ниту имотен, ниту општествен ни образовен статус, ниту вера, туку претставува негативна појава присутна секаде во светот“, истакна членката на ЦО на СДСМ, Јагода Шахпаска. Таа се осврна на Законот против насилство врз жените и семејното насилство, кој се наоѓа во собраниска процедура и изрази надеж дека ќе биде поддржан и од позицијата и од опозицијата.

„Законското решение е наша обрска, но за некои жени претставува прашање на судбина, прашање на живот и затоа ве повикувам да се заокружи со изгласување на законот“, потенцираше Шахпаска.

Во законот е предвидено брзо и ефикасно постапување на сите институции во институционален одговор на секаков обид за насилство, кое покрај фичичко може да биде психично, сексуално, принуда на абортус па и фемицид, рече Шахпаска.Таа додаде дека законот предвидува судот во рок од 24 часа од насилството да донесе одлука за отстранување на строителот од дома од 10 до 30 дена, како и сет мерки и услуги за превремен престој за жените жртви на семејно, нивните деца, жртвите на  трговија на луѓе и сексулано насилство, каде ќе им биде обезбедена помош и поддршка.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија издвојува најмногу средства за правосудството, а добива најмалку резултати

Објавено пред

Македонија е меѓу државите што издвојуваат значителни средства за правосудниот систем, но граѓаните добиваат најмалку резултати, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, секоја година за судството се одвојуваат 0,39% од БДП, што е повеќе од Франција (0,20%), Германија (0,30%), Грција (0,26%), Албанија (0,29%), Молдавија (0,35%) и Грузија (0,23%).

dobivaj vesti na viber

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека, иако државата обезбедува високи примања за судиите и обвинителите, правосудниот систем не испорачува ефикасност и независност. Во соопштението се наведува дека постапките се бавни, предметите нерешени, а одложувањата чести, што, според партијата, создава недоверба кај граѓаните.

Партјата нагласува дека, и покрај тоа што судиите земаат и до три просечни плати, резултатите се минимални, а системот нема ниту квалитет, ниту реформи. ВМРО-ДПМНЕ смета дека наместо да бараат повисоки плати, судиите треба да покажат резултати што ќе ги оправдаат веќе обезбедените средства.

Во соопштението се додава дека правосудството е зрело за реформи и дека тие мора да се случат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Регионалниот пат Охрид – Св. Наум пуштен по двете коловозни ленти

Објавено пред

Утрово во 07:05 чaсот сообраќајот на регионалниот пат Охрид – Св. Наум е пуштен по двете коловозни ленти, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Ноќеска од 03.30 часот на овој патен правец, дел од стовариште „Митко“, на десната коловозна лента во правец на Охрид околу 100 метри, имаше вода од околу 30см, информираше претходно АМСМ. Сообраќајот беше пренасочен по левата коловозна лента.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер“, велат од „Влен“

Објавено пред

„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго време, денес стана реалност. Селотејп коалицијата наречена НАИ е најголемата политичка измама во последните години. Последователните заминувања и внатрешниот хаос јасно покажуваат дека овој проект не е изграден за Албанците, туку за лични амбиции спакувани со ПР трикот на „референдумот“ за фрлање пепел во очите на Албанците“, велат од „Влен“.

dobivaj vesti na viber

„НАИ не функционираше ниту еден ден како сериозна опозиција. Денес се распаѓа во очите на јавноста, камен по камен, бројка по бројка. Заминувањето на Мендух Тачи, заминувањето на Арјанит Хоџа, Кренар Љога и напуштањето на Зијадин Села се само симптоми на структура изградена врз интересите на поединците, а не врз интересите на граѓаните.

ВЛЕН не се радува кога другите се уништуваат, но е јасно дека опозицијата што се распаѓа на парчиња му штети на политичкиот систем и ги остава граѓаните без алтернатива. Албанците заслужуваат сериозност, а не неуспешни експерименти со селотејп“, соопштуваат од „Влен“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија издвојува најмногу средства за правосудството, а добива најмалку резултати

Македонија е меѓу државите што издвојуваат значителни средства за правосудниот систем, но граѓаните добиваат најмалку резултати, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата,...

Македонија44 минути

„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер“, велат од „Влен“

„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго...

Европа2 часа

Жестоки експлозии во украински град: руски насочувани бомби убија пет лица

Во руски ноќен напад врз градот Запорожје загинаа најмалку пет лица, а осум беа повредени, соопштија локалните власти. Регионалниот гувернер,...

Свет2 часа

Објавен планот на Трамп за Украина: Безбедносни гаранции, тампон зона, амнестија…

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Украина би барал од Украина да се откаже од...

Свет3 часа

Зеленски: Украина ќе работи напорно на мировните предлози

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина ќе работи напорно за да бидат успешни мировните предлози на САД и...

Свет3 часа

(Видео) Трамп навреди новинарка, Белата куќа: Ова ја одразува неговата отвореност

Белата куќа синоќа застана во одбрана на претседателот Доналд Трамп откако тој нарече една новинарка „свиња“, велејќи дека изјавите на...

Свет3 часа

Трамп ги укинува царините на бразилското кафе, говедско месо, какао и овошје

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за укинување на увозните царини за бразилските прехранбени производи, вклучувајќи говедско месо, кафе,...

Македонија16 часа

Го предупредувале газдата за инспекции, а неговиот син давал поткуп за тоа – инспектори и даночни контролори нови осомничени за пожарот во „Пулс“

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”....

Топ19 часа

Пациент почина, две лекарки повредени по нагло сопирање на медицинско возило за да избегне судир во центарот на Скопје

Вчера околу пладне во полицијата во Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улица „11 Октомври“ и булевар „Кочо Рацин“...

Економија20 часа

Минималните семејни трошоци во ноември 65.173 денари, со изнајмен стан надминуваат 80 илјади

Минималните месечни трошоци што едно четиричлено семејство ги има во ноември достигнуваат 65.173 денари, додека доколку семејството живее во изнајмен...

Македонија20 часа

(Видео) Да ги пронајдеме мешетарите што го рушат имиџот на здравството: Мицкоски со најава за сериозни реформи

На неколку фронтови во здравството се работи и се вложува, а треба да се вложува уште многу повеќе од ова...

Економија23 часа

Нема промени во делот на наплатата на ДДВ при приемот на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ, извести Минстерството за финасии

Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој...

Македонија24 часа

(Видео) Николоски: Автопатот Прилеп – Битола го градиме со силна динамика

Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика и до 2028 година ќе го изградиме, напиша вицепремиерот Александар Николоски...

Европа24 часа

Полска го крена нивото на тревога; Министерот за надворешни: Ова не е саботажа, туку тероризам

Полска сè повеќе станува цел на напади. По саботажата на стратешки важна железничка рута, министерот за надворешни работи Радослав Сикорски...

Македонија1 ден

(Видео) „Јорданов се пишмани – Општина Штип ќе го продаде ‘Дино паркот’ од 800.000 евра на приватен бизнисмен“, велат од партијата Левица

„Штипскиот Дино парк да падне во рацете на приватен бизнисмен преку јавно – приватно партнерство, односно да се издава под...

Свет1 ден

Сопругот на убиената Србинка во САД призна дека го распарчил нејзиното тело

Брајан Волш, маж од Масачусетс на судењето за убиството на неговата сопруга Ана, родена во Србија, во 2023 година, оваа...

Свет1 ден

(Видео) Читач од усни открива што рекол Илон Маск за саудискиот принц на гала-вечерата: Трамп ќе полуди

Илон Маск, кој драматично ги влоши односите со Доналд Трамп пред шест месеци, сега се чини дека е повторно во...

Свет1 ден

Мамдани оди кај Трамп во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ќе се сретне со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, во Белата куќа овој...

Свет1 ден

Песков: Разговор меѓу Путин и Трамп може да се организира во секое време

Телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп може да се организира во секое време,...

Свет1 ден

(Видео) Индонезиските власти евакуираа повеќе од 900 луѓе по ерупцијата на вулканот Семеру

Индонезиските власти евакуираа повеќе од 900 луѓе и им помогнаа на 170 алпинисти кои беа заглавени по ерупцијата на вулканот...