Регион
(Видео) Летаа камења и шок-бомби на протестите во Црна Гора – приведени се повеќе лица
Неколкумина полицајци се повредени и повеќемина демонстранти се приведени по синоќешните немири што се случија на протестите во црногорскиот град Никшиќ. Полицијата употребила солзавец и шок-бомби против насобраната толпа граѓани, кои мавале со камења и шишиња по нив.
До ваквиот развој на настаните дојде кога граѓанитете излегоа на протестен марш, на кој побараа ослободување на српскиот епископ Јоаникие од притвор. Тој заедно со уште седум свештеници беше приведен поради кршење на мерките за сузбивање на коронавирусот и организирање литија на улиците на Никшиќ, на која присуствуваа огромен број луѓе. Учесниците на литијата, според медиумите, не носеле маски, не држеле дистанца и не се придржувале до пропишаните мерки за заштита.
Според „Вјести“, повредени се 22 полицајци во вчерашните немири. Тие имале полесни повреди и им била укажана лекарска помош. Полицијата уапси голем број граѓани, меѓу кои и новинар на „Вечерње новости“.
Nikšić: Suzavcem rastjerali građane, nekoliko uhapšenih
Nikšić: Suzavcem rastjerali građane, nekoliko uhapšenih>>> Više o tome: http://rtcg.me/vijesti/hronika/279092/suzavcem-rastjerali-gradjane-nekoliko-uhapsenih.html <<<
Posted by RTCG Portal on Среда, 13 мај 2020
Демократскиот фронт најави дека ќе ги повика верниците да ги блокираат сообраќајниците како протест против приведувањето на свештеникот.
Црногорското Обвинителство им одредило 72-часовен притвор на епископот на Српската православна црква, Јоаникие, и на уште седум свештеници поради литијата, на која се собрале неколку илјади верници и покрај забраната за собирање, а официјален Белград побара нивно ослободување.
Претседателот на Српската народна партија и министер во српската влада, Ненад Поповиќ, оцени дека властите на Црна Гора со апсењето на владиката Јоаникие и свештениците на СПЦ до крај го соголиле своето „антисрпско, авторитарно и комунистичко лице“.
Тој побара од Црна Гора итно да ги пушти од притвор владиката и другите свештеници. По одбивањето на жалбата владиката и свештениците на СПЦ да бидат пуштени од притвор, голем број граѓани на Црна Гора излегоа на улиците во знак на протест.
Vasojevici opet blokirali put Andrijevica-Berane! Porucuju da se mirno nece predati! Drugi deo opkolio CJB u Beranama, zahteva momentalno oslobodjanje vldike Joanikija i svestenika iz CJB u NK! pic.twitter.com/z9q4bYeSpy
— Majjjja (@MajjjjaMajjjja) May 13, 2020
Протести се одржаа во Никшиќ, Беране, Будва и во Плевља.
За настаните во Никшиќ, но и цела Црна Гора, каде што се приведени свештеници на СПЦ и владиката Јоанакие, јавија речиси сите поголеми светски агенции. Британската агенција „Ројтерс“ и американската агенција „Асошиетед прес“ известуваат дека протестите следуваат по неколкуте месеци тензии за донесувањето на законот за верски слободи.
„Ројтерс“ потсетува дека Српската православна црква е најголемата христијанска заедница во Црна Гора, земја со 620.000 жители, членка на НАТО и кандидат за влез во ЕУ. Српската православна црква има речиси 12 милиони следбеници, претежно во Србија, Босна и во Црна Гора, јавува агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Регион
Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени
Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.
„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.
Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.
фото/ЕПА
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА

