Контакт

Македонија

(Видео) Маричиќ: Конечно, создадени се сите услови за проветрување во правосудството

Објавено пред

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, по состанокот на Советот за реформи во правосудството, изјави дека в година ќе се направи најавената филтрација на судството. Според министерот, преку овој процес ќе се врати изгубената доверба на граѓаните во правната држава.

„По цела една година, се состана ова тело и се донесоа важни одлуки. Пред сè, се усвоија интерните планови на Судскиот совет за проверката на работата на судовите, претседателите на судовите и судиите, а исто и методологијата за оценување на судиите и претседателите на судовите. Тоа е главна алатка за најавеното филтрирање и проверка на работата на судиите и судовите“, изјави Маричиќ.

На седницата беше разгледан и поддржан правилникот за оценка на работата на јавните обвинители, кој се носи како резултат на веќе донесениот Закон за Јавното обвинителство.

„Мислам дека се создадени сите услови и во судството и во Обвинителството да имаме една квалитетна проверка и едно професионално проверување на работата и на судството и на Обвинителството“, изјави Маричиќ.

Македонија

Времето денеска сончево и студено

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево и особено наутро студено, во северните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој по должина на Повардарието ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -4, а максималната ќе достигне од -4 до 8 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степена, јави УХМР.

До среда наутро ќе преовладува ведро и во утринските часови особено студено време проследено со слаб до умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува. Од среда ќе почне да дува јужен ветер, од запад ќе се зголеми облачноста и температурите ќе бидат во пораст. В четврток преку денот во западните делови на планините ќе има услови за појава на снег, а на пониските места понекаде ќе започне снег кој ќе премине во дожд.

Во петок во западните делови, а во сабота насекаде ќе има повремен дожд и ќе дува повремено засилен јужен ветер поради кој ќе започне побрзо топење на снегот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Не е исклучена можноста жените да одат во пензија и на 62 години

Објавено пред

Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд и социјална политика информира дека во согласност со Уставот правото за пензионирање на мажите и жените во однос на возраста е изедначено и тие се пензионираат на 64 години. Но, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во член 18, им остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години, доколку тие така одлучат.

„Предложените измени на Законот за работни односи се однесуваат само на укинување на можноста за продолжување на работниот век до 67 години, но не предвидуваат измени во однос на укинување на можноста жените да се пензионираат на 62 години, но само доколку тие самите така одлучат.

Во спротивно, во согласност со Законот за пензиско и инвалидно осигурување и жените, како и мажите, правото на пензија го остваруваат со навршени 64 години возраст и 15 години стаж“, наведе МТСП.

Прикажи повеќе...

Македонија

МТСП: Жените може да се пензионираат и на 62 години, доколку тие така одлучат

Објавено пред

Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд и социјална политика информира дека во согласност со Уставот правото за пензионирање на мажите и жените во однос на возраста е изедначено и тие се пензионираат на 64 години.

Но, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во член 18, им остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години, доколку тие така одлучат.

„Предложените измени на Законот за работни односи се однесуваат само на укинување на можноста за продолжување на работниот век до 67 години, но не предвидуваат измени во однос на укинување на можноста жените да се пензионираат на 62 години, но само доколку тие самите така одлучат. Во спротивно, во согласност со Законот за пензиско и инвалидно осигурување и жените, како и мажите, правото на пензија го остваруваат со навршени 64 години возраст и 15 години стаж“, појаснуваат од МТСП.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Не е исклучена можноста жените да одат во пензија и на 62 години

Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд...

Свет16 часа

Објавено ново видео од упадот во Конгресот на САД

Објавено е ново видео од упадот на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во зградата на американскиот Конгрес...

Спорт16 часа

Чиле „падна“, Македонија во главната рунда на Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација по двата високи порази во пресметките со Шведска и домаќинот Египет, ја забележа првата победа на Светското...

Македонија16 часа

Во Македонија 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа, а 176 оздравеа, соопшти...

Свет18 часа

Судот во Москва му одреди притвор на Навални

Рускиот суд му одреди притвор од 30 дена на опозиционерот Алексеј Навални. Притворот ќе трае до 15 февруари, соопшти неговиот...

Македонија20 часа

Мицкоски побара поддршка од Орбан и Сијарто за деблокирање на Македонија на патот кон ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот Александар Николоски, денеска во Будимпешта имаа работна средба со премиерот на Унгарија, Виктор...

Свет20 часа

Пристапот „прво јас“ нè турка кон катастрофален пад во дистрибуцијата на вакцините, вели директорот на СЗО

Светот е на работ на катастрофален морален пад во дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската...

Македонија20 часа

Бектеши смета дека кафулињата треба да работат до 23 часот

Министерот за економија, Крешник Бектеши, смета дека работното време на угостителските објекти ќе биде продолжено до 23 часот. „Продолжување на...

Топ21 час

Детали за инцидентот во врска со прилепчанецот убиен на лов

Во полициската станица во Прилеп во претпладневните часови на 17 јануари било пријавено дека во атарот на прилепското село Витолиште...

Македонија22 часа

Заев: Од Србија ќе добиеме 8.000 вакцини на „Фајзер“

Србија ќе ни отстапи 8.000 вакцини од „Фајзер“, a потоа можеби и ковид-вакцини од другите производители. Премиерот Зоран Заев соопшти...

Македонија23 часа

Институтот за трансфузиологија апелира: Донирајте крвна плазма, помогнете им на оние што се борат со Ковид-19

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени од Ковид-19...

Европа23 часа

Во Германија откриена досега непозната мутација на коронавирусот

Според германските медиуми, на клиниката „Гармиш-Партенкирхен“ е пронајден нов, досега непознат вид коронавирус. Во болницата во Гармиш-Партенкирхен 73 пациенти и...

Свет23 часа

Захарова им порача на критичарите на апсењето на Навални да се занимаваат со своите проблеми

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, се јави по повод пораките од политичарите за итно ослободување на...

Регион24 часа

Во Хрватска вакцинирани речиси 46.000 лица, кај 80 забележани лесни несакани ефекти

До овој викенд вакцинирани се речиси 46.000 граѓани во Хрватска, а 80 од нив имаат претежно лесни несакани ефекти, изјави...

Свет1 ден

Портпаролката на Навални: Не знаеме што се случува со него и каде го одведоа

Заводот за извршување кривични санкции во Русија објави дека опозиционерот Алексеј Навални, кој беше уапсен синоќа на враќање од Германија...

Свет1 ден

Австралија годинава нема да ги отвори границите, дури и ако мнозинството граѓани се вакцинираат

Австралија можно е да не ги отвори целосно своите меѓународни граници годинава, дури и ако мнозинството од населението е вакцинирано...

Свет1 ден

Уапсен функционер од Ново Мексико за нападот врз Капитол

Министерството за правда на САД објави дека е уапсен функционер од Ново Мексико во врска со нападот на Капитол на...

Свет1 ден

Претседателот на Европскиот совет повика на итно ослободување на Навални

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, повика на итно ослободување на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, откако беше приведен по...

Топ1 ден

25-годишен прилепчанец загина за време на лов

Дваесет и петгодишен прилепчанец бил застрелан во атарот на мариовското селото Витолиште, додека со пријателите бил на лов на диви...

Свет2 дена

(Видео) Снег во Сахара

Додека јануари носи снег во многу краеви на светот, во Сахара или на Блискиот исток тоа не е толку вообичаено....

Досие