Свет
(Видео) Силен ветер го урна ѕидот на Трамп на границата со Мексико
Новиот дел од ѕидот кој е поставен на границата меѓу САД и Мексико е урнат од силни ветрови, по што се навалил на дрвјата на мексиканската страна на границата, објави Си-ен-ен.
Sидот од метални плочи бил поставен на бетонски темели кои сè уште не биле зацврстени, па вчера попуштил под налетот на ветрот. Карлос Питонес, од американската гранична служба, изјавил дека изјави дека штетата се случила во малиот град Калексик, Калифорнија.

Три години по стапувањето на должноста, најголемото предизборно ветување на Трамп за изградба на ѕид кон Мексико за да ја спречи миграцијата, се соочува со голем број правни и логистички пречки. Трамп се обидува да извлече стотици милиони долари од буџетот за да изгради повеќе од 700 километри ѕид.

Претходно, администрацијата на Трамп објави дека успеала да изгради 161 километар од ѕидот, но главно станува збор за замена на постоечкиот ѕид со нов, а во помала мерка за изградба на нов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

