Македонија
ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира на предвремени избори, од СДСМ велат дека барањето е од пуста желба за власт
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска порача дека е неопходно да се одржат предвремени парламентарни избори.
Тие инсистираат на брзи избори, без техничка влада, а за помалите партии предлагаат една изборна единица.
„ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да оди на предвремени парламентарни избори без техничка влада, и со тоа изборите да може да се распишат во најкраток можен рок, без услов од 100 дена техничка влада. Така ќе се заштеди време и новата влада ќе може бргу да почне да се справува со предизвиците пред кои е исправена државата. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и на барањето на помалите партии, кои бараа една изборна единица. ЛДП, ДОМ и ДС треба само да смогнат сили и да им кажат ‘не’ на своите раководства што ги држат во Владата за неколку директорски места или вработување нивни роднини“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија, со Владата управува ДУИ, а Ковачевски е само вршител на должноста премиер и не може да ја избави државата од ниту една од четирите кризи во кои ја втурнала токму оваа гарнитура политичари.
Социјалдемократите одговорија дека мандатот на Владата е до 2024 година, а барањата на опозицијата, како што велат, се од пуста желба за власт на нивниот лидер Христијан Мицкоски.
„Пуста желба за власт е барањето на Мицкоски за предвремени избори, новата Влада ќе го заокружи мандатот до 2024 година. Пуста желба за власт е барањето на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за брзи предвремени избори. Парламентарното мнозинство изгласа нова Влада со мандат до 2024 година, а легитимитет го црпи од резултатите на парламентарните избори во 2020 година. На тие парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ и нејзините политики беа поразени“, велат од СДСМ преку соопштение.
Владејачката партија додаде дека барањето за брзи избори го покажува стравот дека е видлива неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, но и стравот од пресуди во судските процеси што се водат против функционерите од оваа партија.
„Предвремени парламентарни избори нема да има, граѓаните се уморни од постојани избори, а оваа Влада предводена од СДСМ ќе го заокружи целиот мандат, нешто што не се случило повеќе од 15 години“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

