Македонија
„Евроњуз“: Софија го блокира Скопје поради своите проблеми со антивладините протести
Европските лидери му дадоа зелено светло на Скопје за влез во ЕК, но сега постои уште една пречка – Бугарија, наведува „Евроњуз“ во анализа со наслов „Бугарија става кочници за соништата на Северна Македонија за ЕУ. Еве зошто“.
Според „Евроњуз“, причината за блокирањето е поради внатрешнополитичките проблеми во владата на бугарскиот премиер, Бојко Борисов.
„Софија, која моментно зафатена со долготрајни антивладини протести, се противи на почнувањето на разговорите за членство велејќи дека не е задоволна од сегашната рамка за преговори. Протестите против корупцијата во Бугарија траат повеќе од 100 дена, а демонстрантите бараат оставка од Борисов и главниот обвинител Иван Гешев. Тие се обвинети за поврзаност со олигархиската мафија“, наведува „Евроњуз“.
Весникот нагласува дека за Бугарија, процесот на пристапување кон Северна Македонија е начин да извлече отстапки во исклучително деликатен момент за Скопје.
„Иако повеќето од барањата се нематеријални прашања како идентитетот и историјата, тие ја одразуваат потребата на бугарската влада за заземе силна националистичка позиција поради внатрешнополитички причини. Особено во време на обвинувањата за корупција, улични протести и економски тешкотии поради пандемијата“, пишува „Евроњуз“.
„Евроњуз“ додава дека Бугарија сака Северна Македонија да признае дека јазикот што го зборува македонското мнозинство е бугарски дијалект, а бараат и Скопје да го признае бугарското потекло на македонската нација и да се откаже од какви било тврдења дека во Бугарија има посебно македонско малцинство.
Според Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС), етничките Македонци сочинуваат 10 проценти од населението во Бугарија, наведува „Евроњуз“. ИФИМЕС во неодамнешната анализа тврди „бугарскиот и македонскиот јазик се два јазика за кои во меѓусебната комуникација е потребен превод за разлика од, на пример, случајот на српскиот и хрватскиот јазик за кои во јазичната комуникација не се бара толкување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Изолациската дипломатија на Мицкоски ја носи Македонија во „периметар Сомалија“
СДСМ обвини дека Македонија, поради политиките на актуелната власт, завршила на листа со 75 земји оценети како „трет свет“, меѓу кои и Сомалија, оценувајќи дека тоа е резултат на изолациската дипломатија на премиерот Христијан Мицкоски.
„Периметар Сомалија, тоа е дипломатијата на Христијан Мицкоски“, се наведува во соопштението на партијата.
Од СДСМ посочуваат дека минатата година САД ги зголемиле царините кон Македонија, а сега следува и суспензија на визите. Според партијата, со месеци предупредувале дека, „тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ го загрозува стратешкото партнерство со САД и ја носи државата во изолација, далеку од Европската Унија“.
САД претходно ги суспендираа имигрантските визи за 75 земји, меѓу кои и Македонија.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.

