Македонија
ЕУ објави нова листа на земји на кои ќе им биде дозволен влез, Македонија повторно ја нема

Советот на Европската Унија усвои нова листа на земји на чии државјани од 16 јули ќе им е дозволен влез во земјите на ЕУ, но на неа повторно ја нема Македонија. Од листата, на која има 13 земји, тргнати се Србија и Црна Гора поради влошената состојба со коронавирусот. Од Брисел наведуваат дека листата повторно ќе биде ажурирана за две недели.
Врз основа на критериумите, кои, пред сѐ, ги опфаќаат епидемиолошката ситуација и мерките на заштита, државите членки на ЕУ од 16 јули постепено треба да ги укинуваат ограничувањата за патувања за жителите на Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и на Кина, која е подложна и на услов за реципроцитет за патувања на граѓани на ЕУ на нејзина територија.
Станува збор за земјите што беа на листата на Советот на ЕУ, која се применуваше од 1 јули, со исклучок на Србија и Црна Гора, кои се отстранети поради влошување на епидемиолошката ситуација.
Третите земји, на чии граѓани им е дозволено патување во ЕУ, мора да имаат број на нови случаи на Ковид-19 во текот на последните 14 дена на 100.000 жители блиску или под просекот на ЕУ, да имаат стабилен или опаѓачки тренд на нови случаи во претходните 14 дена, а се зема предвид и вкупниот одговор на третите земји на коронавирусот вклучувајќи аспекти како тестирање, надзор, следење на контактите, задржување, лекување и известување, како и сигурноста на информациите.
Препораката на Советот на ЕУ не е правно обврзувачки инструмент и властите на земјите членки остануваат одговорни за спроведување на содржината на препораката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Со 2,5 милиона денари интервентно ќе се заштитува „Македониумот“, а странски експерти ќе работат на трајна заштита

Споменикот „Македониум“ над Крушево до крајот на оваа година ќе биде итно заштитен од пропаѓање, а за в година Владата најави трајна заштита, на која ќе работат странски експерти. Портпаролката на Владата, Марија Митева, извести дека се преземени конкретни чекори за обнова на споменикот преку Министерство за култура и туризам во соработка со Заводот и Музеј Прилеп.
„За оваа година е обезбеден проект за интервентна заштита во вредност од 2,5 милиона денари, кој ќе биде реализиран до крајот на 2025 година. Паралелно на ова, Националната установа Завод и Музеј Прилеп работи на проект за целосна реконструкција и конзервација на целиот комплекс. Овој проект ќе биде финализиран до средината на 2026 година по што Министерството за култура и туризам ќе ги утврди динамиката и планот за финансирање на целосната реконструкција. Би сакала да потенцирам дека ‘Македониумот’ е уникатен архитектонски и уметнички објект создаден од бетон, витражи и специфични материјали, што бараат врвна стручност. Затоа и дел од експертизата ќе ја обезбедиме од странство за да гарантираме дека ова културно наследство ќе биде трајно заштитено“, рече портпаролката Митева.
За сегашната лоша состојба во која се наоѓа споменикот Митева нагласи дека вината е во непостапувањето во изминатите години.
„Реконструкцијата на ‘Македониумот’ почна пред повеќе години и требаше да биде завршена во 2017 година. Со симнувањето на скелето од страна на претходната власт токму таа година процесот беше насилно прекинат и оставен без потребната заштита. Од тогаш до денес цели седум години не било преземено ништо за негово завршување и заштита. Тој застој, создаден во минатото, остави длабоки последици врз состојбата на овој значаен културен споменик. Важно е граѓаните да знаат дека денешната состојба не е резултат на негрижа од актуелната Влада, туку на долгогодишно одлагање и непостапување во изминатите години. Како и за многу други состојби што ги затекнавме при преземањето на власта, така и за оваа нема да бараме оправдувања, наша обврска е да го исправиме ова“, рече портпаролката Митева.
Споменикот е свечено откриен на 2 август 1974 година во Крушево по повод 71 година од Илинденското востание и 30-годишнината од АСНОМ 2. Изградбата траела четири години, односно од 1970 година до 1974 година, а автори на монументалниот комплекс се Јордан и Искра Грабулоски. Сместен на ридот Гумење, над Крушево, на надморска височина од 1.320 метри, „Македониумот“ претставува архитектонска и симболична целина, која го слави стремежот на македонскиот народ кон слобода, независност и културен идентитет. Во неговата внатрешност се наоѓа гробот на Никола Карев, а надворешноста е украсена со скулптури, витражи и амфитеатар со дела од Петар Мазев и Борко Лазески.
Македонија
Врвниот потенцијал да се стави на располагање на пациентите: Алиу потпиша меморнадум за соработка со приватните здравствени установи

Министерот за здравство Азир Алиу денес ги посети трите најголеми приватни здравствени установи во земјата – „Ремедика“, „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“ – со цел потпишување заеднички меморандум за соработка.
Со овој меморандум се воспоставува рамка за соработка помеѓу Министерството за здравство и приватните здравствени установи, со која ќе се овозможи ангажирање здравствен кадар – специјалисти од приватниот сектор во јавните здравствени установи во случаи на зголемени потреби, недостиг на кадар или други приоритетни здравствени барања, информираат од Министерството.
„Законоското функционирање на сите здравствени установи, како јавни така и приватни, е наш највисок императив. Целта е врвниот потенцијал на здравствениот систем да им се стави на располагање на пациентите преку мапирање и ставање на потребните ресурси во интерес на граѓаните“, истакна министерот Алиу.
Меморандумот предвидува Министерството тековно да ги идентификува јавните здравствени установи со потреба од дополнителен кадар, да обезбеди административна и правна поддршка, како и да ја координира соработката. Од друга страна, приватните здравствени установи се обврзуваат да обезбедат квалификуван здравствен кадар, кој ќе биде ангажиран под јасно утврдени услови и во согласност со етичките и професионалните стандарди.
Со овој чекор Министерството за здравство го унапредува партнерството со сите здравствени капацитети во државата, со крајна цел – подобрување на квалитетот и на достапноста на здравствените услуги за пациентите, велат од таму.
Македонија
(Видео) Петрушевски: СДС преку АНБ и АР ја следел ВМРО-ДПМНЕ за да го забрани постоењето на партијата, целта била да останат на власт

СДС преку АНБ и АР го следеле ВМРО-ДПМНЕ, за да го забрани постоењето на партијата, целта била да останат на власт. СДС целосно ги ставиле службите во нивната партиска агенда, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Службите, додава тој, го следеле претседателот Мицкоски, со цел негова политичка елиминација и елиминација на ВМРО-ДПМНЕ, а со цел што подолго да остане СДС на власт, за да ги распродава националните интереси и да прави криминал.
„Планот на СДС е осуетен од ВМРО-ДПМНЕ и искрената борба за подобра и посилна Македонија, и покрај сите следења и прислушувања, СДС не успеа во својот план за политичка елиминација на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски.
ЈО треба да се одважи и конечно да тргне одлучно во решавање на прислушкувањето. Злоупотребата не смее и нема да остане неказнета. Сите инволвирани ќе одговараат“.