Регион
Ковачев: Мицкоски ја уништува европската иднина на македонските граѓани
Со своите лаги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја уништува европската иднина на македонските граѓани. Ова за БГНЕС го изјави европратеникот и еден од најголемите поддржувачи за пристапување на РС Македонија во ЕУ, Андреј Ковачев. Причината за неговиот коментар, според написот е „хистеричната изјава на Мицкоски дека Македонија ќе биде распарчена во Софија викендов“.
„Христијан Мицкоски лаже. Тој манипулира и лаже со секој збор што го зборува. Мицкоски се обидува да заработи некои политички поени со измислиците. Неговото тврдење дека Бугарија сака да ја распарчи Македонија, со што ги плаши граѓаните, е апсолутна лага, измислица и глупост“, рече Ковачев.
Тој потсети дека во 2001 година Бугарија стоеше цврсто зад Македонија, поддржувајќи го нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.
„Бугарија е една од првите земји којашто го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО со цел Македонија да биде геостратешки и политички во евро-атлантската заедница и заштитена. Бугарија подава, пружа и секогаш ќе пружи рака за братска помош на своите најблиски“, рече европратеникот од Европската народна партија.
Ковачев повтори дека Софија во никој случај не го доведува во прашање современиот македонски идентитет. „Никогаш не сме го довеле во прашање тоа. Единствено што сакаме е да се обединиме околу историската вистина, за да не не раздели и да биде повод за омраза и поделба меѓу луѓето. Ова е длабоко европско барање, тоа е основа на Европската Унија“, рече тој.
Според него, ништо не е изложено на ризик. „Во никој случај Бугарија не може да ги земе Гоце Делчев или Дамe Груев од Македонија, бидејќи тоа е заедничка историја. Тоа е заедничка, но не е поделена како што сака Мицкоски. Тој директно се изјасни против Договорот со Бугарија и Грција, за да не се почитуваат. Тој се обидува да ја уништи европската иднина на македонските граѓани“, нагласи Ковачев и додава: „Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски е дел од Европската народна партија, не можеме да не го покренеме ова прашање заради неговите повици против Бугарија и да не се почитуваат договорите“.
Ковачев е крајно изненаден од зборовите на Мицкоски, кој е лидер на партијата која го носи името ВМРО.
„Ова е фарса, не може да биде водач на партија кој тврди дека го започнала своето постоење во 1893 година и да биде наследник на БМОРК, ВМОРО и ВМРО, а во исто време да проповеда се што е против организацијата и нештата за кои оваа историска организација се борела во текот на своето постоење, кога нејзини водачи беа Гоце Делчев, Даме Груев, Христо Татарчев, Тодор Александров, Иван Михаилов и други“, рече бугарскиот европратеник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

