Контакт

Македонија

Мицкоски: Бегството на Мијалков беше договорено, време е за техничка влада

Објавено пред

Дадовме 24 часа вашата истрага да даде резултат, ама договорено беше бегството на Мијалков, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, порачувајќи дека е време за техничка влада.

Според него, евентуална оставка на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски не би била доволна, туку потребна е оставка на целата Влада и формирање експертска влада.

„Важно е да направиме техничка влада која ќе подготви терен за фер избори. Да избереме влада на чест, која ќе обезбеди тоа што овие мафијаши не можат, а тоа е достоинствен живот“, рече Мицкоски.

Нагласи дека додека МВР пишува казни на народот и секое утро се фали колку казни напишале за неносење маски, Мијалков го пуштиле да избега со милионите.

„Заев, твој тег на ногата сега е бегството на Мијалков. Затоа, ние имаме обврска Македонија да престане да тоне. Вчера душата ми се параше кога ве гледав пред ТВ екраните“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, не собрал храброст да им се обрати на граѓаните, додека народот очекува објаснување. Порача дека институциите се должни да дадат одговори на сите прашања за овој случај.

 

Македонија

Мицкоски: Заев користи што сум изолиран поради вирусот, но тоа не го спасува од паѓање на Владата

Објавено пред

Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓани со мачнина го гледаат ова денешно препелкање на Заев во Собранието, напиша на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос на гласањето доверба на Владата, на кое пратениците од неговата партија не присуствуваа.

Мицкоски апелира до граѓаните да бидат спокојни, посочувајќи дека најдоброто од нашата земја допрва доаѓа.

Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓани со мачнина го гледаат ова денешно препелкање на Заев во…

Posted by Hristijan Mickoski on Среда, 03 март 2021

„Заев е мафијаш, тоа е дел од неговиот карактер. Тоа што на мала врата на сила протуркува во Собрание гласање за доверба на Владата, ограничувајќи ја јавната дебата, никако не е израз на неговата сила, туку е доказ за неговата огромна слабост, но и недоверба во мнозинството кое многу лесно ќе го загуби“, порачува Мицкоски, додавајќи дека премиерот се обидел да ја искористи состојбата со неговата изолација поради Ковид-19, но како што вели, тоа нема да го спаси од паѓање на Владата.

„Вака ќе купи уште некој ден живот на Владата приклучена на апарати за дишење, но исто како и мојата ковид-зараза тие денови ќе поминат“, нагласува претседателот на опозициската партија.

Мицкоски порачува дека тогаш повторно ќе се постави прашањето за доверба на Владата.

„Но тогаш сите актуелни закани, уценувања и притисоци врз пратеници ќе паднат во вода, и ден потоа Заев нема да биде премиер. Се гледаме наскоро“, стои во објавата на „Фејсбук“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата доби доверба во Собранието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа

Објавено пред

За доверба на Владата гласаа 62 пратеници, без против и воздржани пратеници. Одлуката беше поздравена со аплауз од владејачкото мнозинство во Собранието.

Во салата не беа присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, чиј координатор Никола Мицевски претходно кажа дека Заев сам предложил да се гласа да доверба на Владата, за тоа да биде без дискусија на пратениците.

„Констатирам дека е изгласана доверба на Владата“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Според премиерот Заев, гласањето на довербата е расчистување со маглата и соочување со реалноста.

„Јас сум прв премиер кој бара доверба на Владата од осамостојувањето на нашата земја. Тоа е грижа за институциите, граѓаните, стопанството. Шест месеци како ја добив честа да ја водам оваа Влада. Шест месеци опозицијата вели дека ќе ја падне оваа влада. Најавија постапки за недоверба на Владата, а за сега да не се присутни кога јас го отворам прашањето за доверба на Владата. Дозволете сите да ги потсетиме граѓаните на оваа држава зошто е формирано ова парламентарно мнозинство. Затоа што граѓаните го направија својот избор на изборите. Врз основа на довербата на граѓаните беше формирано мнозинство. Ред е да се соочиме и расчистиме и да видиме на дело тоа наводно долго најавувано мнозинство на опозицијата, кое ќе ја паднело владата. Ние не сме и никогаш нема да бидеме партија која мнозинството во Собранието ги обезбедува со меници издадени од Груевски. Нашата единствена меница е довербата на граѓаните на изборите“, кажа Заев од собраниската говорница.

Премиерот посочи дека се блокирани закони од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, објаснувајќи дека само по тоа може да биде запаметена од граѓаните.

Објасни и дека опозициските пратеници се однесуваат деструктивно за блокирање на државата, со изложување на лажни вести за ново мнозинство во Собранието.

„Во изминатите шест месеци, паралелно со стратегијата за справување со Ковид-19, се подготвија и четвртиот и петтиот пакет економски мерки за спас на економијата. Инициравме процеси во енергетиката и енергетската ефикасност. Се градат 100 мегавати ветерници. Паднаа првите пресуди за злосторничко здружување, процеси кои поминаа низ законски судски рочишта. Започна пописот како чиста операција. Од оваа година Северна Македонија слави за членството во НАТО. Ќе бидеме членка и на Европската Унија како Македонци со македонски јазик. И сето тоа, поминато низ опструкции. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде запаметена дека била најголемиот кочничар на реформите. Со сите сили ги блокираа пакетот реформски закони во правосудството. Сега блокираат мерки од петтиот ковид пакет. Беа против покачување на минималната плата, против една изборна единица. Работата на пратениците мора да биде во интерес на граѓаните“, рече Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во земјава засега нема јужноафрикански вид, кај еден од повратниците од Занзибар детектиран британскиот вид на вирусот

Објавено пред

Според анализите што денеска се направени во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на брисот од пациентот кој пред неколку дена се вратил од Занзибар детектирано е присуство на британскиот вид на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

Денеска се прошири веста дека двајца сопружници од Битола, кои се вратиле од патување во Занзибар, се ковид-позитивни. Според информациите, битолчаните пред 5 дена се вратиле од Африка, а во моментов и двајцата се на болничко лекување.

Од ресорното министерство нагласуваат дека во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа и на вториот пациент од Занзибар.

Веста за заразените сопружници кои се вратиле од Африка во јавноста ги поттикна стравувањата дека во земјава би можел да навлезе јужноафриканскиот вид на короната, кој се смета за еден од најзаразните во моментов.

Министерството за здравство денеска соопшти дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата што доаѓаат од сите африкански земји.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Во Јужна Африка запленета голема количина на лажни вакцини против Ковид-19

Околу 2.400 дози на фалсификувани вакцини се запленети во Јужна Африка, а во Кина е разбиена мрежа на шверцери на...

Македонија10 часа

Владата доби доверба во Собранието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа

За доверба на Владата гласаа 62 пратеници, без против и воздржани пратеници. Одлуката беше поздравена со аплауз од владејачкото мнозинство...

Македонија11 час

Во земјава засега нема јужноафрикански вид, кај еден од повратниците од Занзибар детектиран британскиот вид на вирусот

Според анализите што денеска се направени во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на брисот од пациентот кој пред...

Македонија12 часа

Нови 807 заболени од Ковид-19, починале петмина

Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија12 часа

(Видео) Почна попишувањето на бездомните лица

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, денеска го...

Македонија13 часа

Министерството за здравство: Задолжителен карантин за лицата што доаѓаат од сите јужноафрикански земји

Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата што...

Регион16 часа

Русија ќе ѝ достави на Хрватска еден милион дози од вакцината „спутник В“

Русија може да достави милион дози од вакцината „спутник В“ во Хрватска во рок од една недела, пишува „Вечерњи лист“....

Регион17 часа

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени од коронавирус

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени со коронавирус на сто илјади граѓани, изјави за „Политика“...

Свет17 часа

Најопасните мутации на коронавирусот и нивните симптоми

Мутациите се нормална низа во животниот циклус на вирусот и сите негови нови соеви не мора да бидат нужно опасни...

Регион17 часа

Во Загреб 25 отсто од позитивните случаи се од британскиот сој, владата ќе купува руски вакцини

Британскиот сој е пронајден кај една четвртина од позитивните случаи на коронавирус во Загреб, а на ниво на цела Хрватска...

Свет17 часа

УНИЦЕФ: Училиштата се затворени речиси една година за 168 милиони ученици

За време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот, училиштата беа затворени за речиси 168 милиони ученици во светот на една...

Европа18 часа

Експлозија во центарот за тестирање на Ковид-19 во Холандија, нема повредени

Пред отворањето на центарот за испитување на Ковид-19 во Бовенкарспел, град северно од Амстердам, одекна експлозија. Во несреќата нема повредени,...

Свет18 часа

Тексас контра Бајден: ги укина рестрикциите и обврската за носење маска

Тексас ги укинува ограничувачките мерки – се отвораат продавници и прекинува да важи обврската за носење маски. Гувернерот на американската...

Македонија1 ден

(Видеоинтервју) Георгиевски: Србите биле три пати пожестоки, па не ги нарекуваме окупатори, зошто да не им простиме и на Бугарите

За експремиерот Љубчо Георгиевски нема ништо спорно ако македонската страна  ги смени во учебниците називите за Бугарите од типот окупатор, номад...

Македонија1 ден

Заев за новиот систем против корупција: Ќе се дигитализираат сите обвинителства, нема веќе предмети во фиока

Ќе се екипираат и дигитализираат јавните обвинителства со оперативни истражни центри, за сите 23 јавни обвинителства во државата заедно со...

Свет2 дена

До 60 проценти од луѓето што прележале коронавирус може да се заразат со бразилскиот вид

Шест од 10 лица што прележале Ковид-19 се ранливи на бразилскиот вид П1, покажа истражувањето спроведено во градот Манаус, во...

Топ2 дена

Двајца Косовци осомничени дека пукале во полицаецот во Ѓорче Петров

Двајца Косовци се уапсени под сомнение дека го предизвикале вчерашниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров кога околу 16.30 часoт...

Македонија2 дена

На следниот конгрес СДСМ ќе го смени своето име во согласност со договорот од Преспа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека името на партијата сè уште не е сменето поради пречките што ги предизвикала...

Европа2 дена

Во Диселдорф забрана за стоење во место: „Јадете само во движење“

Градската управа на Диселдорф донесе одлука граѓаните да не смее да стојат на едно место на главните шеталишта во градот...

Свет2 дена

Експертите на СЗО против употребата на лекот „хидроксихлорокин“

Лекот „хидроксихлорокин“, за кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврдеше дека ќе го промени текот на пандемијата, не треба да...

Досие