Регион
Над 340 земјотреси почувствувани во Албанија
Лажната најава за нов силен земјотрес предизвика паника на улиците на главниот град на Албанија, Тирана, и на Драч. Веста ја објавија неколку портали, која потоа брзо се прошири. Тоа предизвика паника кај стотици граѓани кои ги напуштија домовите и останаа на улиците во очекување на земјотресот.
Владата реагираше со соопштение дека се работи за лажна вест. ,,„Пред неколку минути се појави лажна вест што предизвикува паника во Тирана дека следува силен земјотрес, многу посилен од оној од 5,8 степени. Апелираме до сите граѓани да не веруваат во оваа вест. Лажна е. Никој не може да предвиди земјотрес. Ова е кривично дело”, се вели во реакцијата на Министерството за одбрана.

Викендов Тирана и Драч беа погодени од серија земјотреси од кој најсилниот беше од 5,8 степени. Албанскиот институт за геолошки науки, енергија, вода и животна средина соопшти дека повеќе од 340 последователни земјотреси се регистрирани по земјотресот со интензитет од 5,8 степени што го погоди Драч во саботата.

Повредени се 105 луѓе, а 600 домови, претежно изградени пред 1990 година, претрпеа штета во земјотресот, кој го прекина и снабдувањето со вода и електрична енергија во Тирана, Драч и некои западни и централни делови.

Албанскиот премиер Еди Рама поради земјотресите ја откажа посетата во Њујорк на состанокот на Генералното собрание на Обединетите нации. Тој кажа дека добил повици од колеги од Италија, Франција, Германија и други европски земји кои му ја понудиле својата помош.
Комесарот за проширување на Унијата, Јоханес Хан, кој е во заминување од функцијата, на неговиот профил на „Твитер“ соопшти дека Унијата понудила помош.На владина седница одлучено е полицијата да биде во состојба на зголемена готовност за да ја контролира ситуацијата по земјотресите кои најмногу беа почувствувани во Тирана и Драч.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

