Македонија
Нови 438 случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 6 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.306 тестирања, а регистрирани се 438 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 200, Куманово – 21, Дебар – 1, Штип – 17, Прилеп – 13, Тетово – 27, Велес – 7, Битола – 18, Охрид – 16, Кавадарци – 9, Гостивар – 2, Гевгелија – 10, Струмица – 30, Крива Паланка – 6, Радовиш – 6, Кочани – 15, Пробиштип – 1, Пехчево 3, Берово – 2, Валандово – 3, Виница – 3, Делчево – 5, Кратово – 1, Свети Николе – 3, Кичево – 9, Ресен – 5, Неготино – 5.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 191 оздравени пациенти од: Скопје – 85, Куманово – 12, Дебар – 1, Штип – 9, Прилеп – 7, Тетово – 10, Битола – 4, Кавадарци – 7, Гостивар – 5, Гевгелија – 4, Крива Паланка – 1, Радовиш – 5, Кочани – 21, Пробиштип – 1, Берово – 6, Виница – 2, Делчево – 1, Свети Николе – 5, Кичево – 2, Ресен – 2, Неготино – 1.
Во болнички услови починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (75, 89 и 68), од Крива Паланка (62), Струмица (64) и пациент од Штип (78).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22.607, бројката на оздравени пациенти е 16.949, на починати е 821, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.837. Од вчера се регистрира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 9349, активни 2290
• Куманово 1936, активни 193
• Дебар 302, активни 43
• Штип 1420, активни 151
• Прилеп 878, активни 198
• Тетово 1666, активни 249
• Струга 735, активни 69
• Велес 409, активни 80
• Битола 434, активни 127
• Охрид 496, активни 78
• Кавадарци 297, активни 67
• Гостивар 1011, активни 84
• Гевгелија 239, активни 118 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 33 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 535, активни 334
• Крива Паланка 168, активни 59
• Радовиш 159, активни 68
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 538, активни 192
• Пробиштип 134, активни 20
• Демир Хисар 64, активни 3
• Македонски Брод 96, активни 3
• Пехчево 51, активни 7
• Берово 157, активни 42
• Валандово 72, активни 44
• Виница 145, активни 44
• Делчево 201, активни 106 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 28, активни 4
• Свети Николе 418, активни 61
• Кичево 387, активни 58
• Ресен 184, активни 21
• Неготино 78, активни 24 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2306 теста се преку: ИЈЗ-561, ЦЈЗ Скопје-13, Авицена-636, Биотек-259, МАНУ -144, Жан Митрев (Филип Втори) -244, Систина со PCR-метода -209, лабораторија Лаор –41, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-95, Инфективна клиника-1, ГАК-7, Синлаб-80, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 216.541 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 65 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 мајки позитивни на Ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 229, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 96
• Гази Баба – 221
• Аеродром – 456
• Карпош – 392
• Центар – 394
• Кисела Вода – 268
• Ѓорче Петров – 188
• Бутел – 87
• Шуто Оризари – 14
• Студеничани – 3
• Сарај – 16
• Арачиново – 4
• Илинден – 35
• Сопиште – 19
• Чучер Сандево – 7
• Петровец –12
• Зелениково – 6
• Странец – 13
• Нераспределен- 59
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јаневска потпиша протокол: Македонија и Турција ќе разменуваат наставно – научен кадар, ученици и студенти
Македонија и Турција ќе потпишат протокол за соработка во областа на науката, технологијата и иновациите. Дефинирањето на содржината на документот е во финална фаза и за истиот се дискутираше на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и турскиот амбасадор Фатих Улусој.
„Двете страни изразија подготвеност процесот да биде заокружен до крајот на годината, а потпишувањето на протоколот ќе ги зајакне односите помеѓу двете држави и ќе обезбеди поголема соработка помеѓу образовните и научните установи, размена на наставно – научен кадар, ученици и студенти“, велат од Министерството за образование.
За време на средбата, министерката Јаневска го претстави концептот за основање на првиот технолошки парк во Скопје, а турската страна изрази подготвеност да ја поддржи реализацијата на оваа идеја преку претставници на турската бизнис заедница во Македонија.
На средбата се зборуваше и за унапредување на наставата на турски јазик во Македонија која ја следат над 8000 ученици, преку повеќе обуки за наставникот кадар и вложување во додатни наставни помагала и опрема.
Македонија
Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија
Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош, при што едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место, извести денес министерот за здравство Азир Алиу.
„Од извршените интервенции на Итната медицинска помош, само едно лице е транспортирано во јавна здравствена установа, на Клиниката за токсикологија. Воедно, кризниот штаб кој веднаш како Министерство го формиравме, континуирано заседава и во следниот период ќе се преземаат соодветни мерки согласно околностите“ вели министерот Алиу.
Директорот на Клиника за токсикологија, Арѓенд Имери, извести дека пациентката која во текот на ноќта е примена на Клиниката за токсикологија е во добра состојба.
Пациентката имала и други пропратни симптоми и од тие причини е задржана на лекување, но сега е во добра состојба.
Директорот Имери кажа дека денес амбулантски биле прегледани и пуштени дома уште тројца пациенти.
Македонија
Со дрон најдени и спасени тројца мотоциклисти, кои се изгубиле на планината Осогово
Вчеравечер, во полицијата во Штип, Регионалниот центар за гранични работи Исток пријавил дека тројца мотоциклисти, македонски државјани, пријавиле дека се изгубени на планината Осогово, над селото Саса, општина Македонска Каменица, во близина на државната граница со Република Бугарија. Мотоциклистите побарале помош преку бројот 112.
„Остварен е контакт со лицата и лоцирани се во шумскиот предел на непристапен терен на оддалеченост од 1.000 метри, над манастирот ‘Св. архангел Михаил’ во селото Саса. Со помош на дрон од Регионалниот центар за гранични работи Исток лицата се пронајдени во добра здравствена состојба и донесени се во Македонска Каменица, каде што е утврдено дека се работи за Г. Д. (38) од Скопје, К. Н. (38) од Гевгелија и Д. П. (31) од Скопје“, соопшти МВР.
Мотоциклистите не побарале лекарска помош, туку, по спасувањето, си заминале со мотоциклите.

