Свет
Новороденче од Кина заразено со коронавирус 30 часа по раѓањето
На новороденче во Кина му е дијагностициран коронавирус 30 часа по раѓањето, што го прави најмладото заразено лице со вирусот досега, јавуваат медиумите.
Бебето е родено на 2 февруари во Вухан, град во централна Кина, каде што првобитно беше дијагностициран вирусот. Мајката на бебето била позитивна на вирусот, покажаа тестовите, но не е јасно како болеста се пренела на бебето – дали додека било во матката или по раѓањето.
Мала е бројката на деца што се заразени со вирусот, кој досега уби 563 лица и зарази 28.018, најмногу во Кина. Според државната новинска агенција „Ксинхуа“, бебето, кое тежело 3,25 килограми при раѓањето, е во стабилна состојба и е под надзор.
Медицинските експерти велат дека тоа можело да биде заразено уште додека било во матката.
„Ова покажува дека коронавирусот може да се пренесе од мајка на дете“, изјави шефот на одделот за новороденчиња во болницата во Вухан, Зенг Лингконг.
Но, постои и можност бебето да се заразило по раѓањето поради близок контакт со мајката.
„Сосема е можно бебето да го добие вирусот многу конвенционално – со вдишување на капките вирус што дошле од мајката при кашлање“, вели епидемиологот од Универзитетот во Колумбија, Стефан Морс, за „Бизнис инсајдер“.
Многу малку деца се позитивни за коронавирус, што беше случај и со други појава на коронавирусни епидемии во поновата историја, вклучувајќи ги САРС и МЕРС. Најголем број заболени пациенти се на возраст меѓу 49 и 56 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел објави фотографии од убиените војници во Либан
Армијата на Израел објави фотографии од своите осум војници кои беа убиени во јужен Либан.
Израел вчера потврди дека е убиен еден војник, а подоцна и веста за смртта на уште седуммина од нив.
Сега ги објавија своите фотографии и имиња.
Војниците беа идентификувани како Харел Етингер, Назар Иткин, Итаи Ариел Гиат, Ноам Барзилај, Алмкен Терефе, Идо Броер, Иџак Остер и Ор Манцур.
Свет
Снег падна во Словенија
Во Словенија почна да врне снег бидејќи, по навлегувањето на студениот воздух од северот на Европа, дождот се претвори во снег.
Kамерите ги снимија снежните сцени на Кредарица, словенечка планина висока 2.515 метри.
Во текот на денот и в петок се очекува згуснување на снежната покривка на словенечките планини.
Свет
Си-ен-ен: Русија го зазеде клучниот град Вугледар во источна Украина, војници мавтаа со руско знаме над урнатините
Русија го зазеде клучниот источноукраински град Вугледар ставајќи крај на повеќемесечниот отпор, а снимките потврдени од Си-ен-ен покажаа војници како мавтаат со руско знаме над урнатините на градското собрание во разурнатиот град, во кој неговото население се намали од 14.000 на помалку од 100.
Вугледар, град изграден околу рудник за јаглен (неговото име доаѓа од украинскиот збор за јаглен), се наоѓа на 50-ина километри јужно од Покровск, кој во последните месеци се смета за главен фокус на руските напади на исток.
Иако не е транспортен и логистички центар како Покровск, Вугледар беше силно утврден и се сметаше за клучен бастион на раскрсницата на источниот и јужниот фронт на Украина.