Контакт

Македонија

Од модуларната болница во Штип избегал 84-годишен пациент

Објавено пред

Вчера попладне, 84-годишен пациент избегал од модуларната болница во Штип, но подоцна бил вратен од полициски службеници.

„На 26.09.2021 во 15.47 часот во СВР Штип, од модуларната болница при Клиничка болница Штип било пријавено дека 84 годишен пациент ја напуштил болницата. Од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип лицето било пронајдено на градскиот плоштад во Штип и со возило на Итната медицинска помош вратено во болницата“, велат од МВР

Македонија

СДСМ: Обединувањето се окрупнува – Беса со поддршка за Шилегов

Објавено пред

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, изјави дека имал средба со генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа, и дека ја добил неговата поддршка во вториот изборен круг.

„Денес имав одлична средба со Арјанит Хоџа, генералниот секретар на Беса, со кого разменивме мислења за состојбите во главниот град. Драго ми е што тој и неговата партија го препознаваат напредокот што Скопје го направи во изминатите четири години и ми даваат поддршка во вториот круг. Обединувањето расте и нашиот блок постојано се окрупнува. Одиме заедно на победа, победа за еднаков град за сите“, вели Шилегов за средбата со ген-сек на Беса.

„ Скопје за четири години целосно се промени, од град каде што владееја поделби и нерамномерен развој, денес Скопје е сосема поинаква приказна. Скопје вложува во секој дел од градот со цел сите негови жители да имаат еднаков пристап до квалитетна и модерна инфраструктура. Во следните четири години продолжуваме обединето за подобро, модерно и европско Скопје“, истакнува Шилегов.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев во Росоман: Имавме храброст да ги решиме сите досега отворени прашања, ама покажавме дека сме и патриоти

Објавено пред

На 31 општина Росоман ќе остане прогресивна општина, обединета која ќе го зграпчи убавото кое доаѓа пред нас, европската иднина и економскиот развој, порача вечерва претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Вие, граѓаните во општина Росоман, знаете многу добро, разликата меѓу СДСМ и ВМРО е огромна, како небо и земја. Водиме 200 гласа во првиот изборен круг, а во вториот круг ќе ги победиме со најмалку 500 гласа“, им порача Заев на граѓаните на Росоман на денешната средба заедно со кандидатот за градоначалник Стојан Николов.

„Животот на граѓаните зависи од општините, општинската администрација, училиштата, градинките, комуналните претпријатија и со новите надлежности опфатени со третата фаза на децентрализација, важно е какви градоначалници ќе ги водат општините. Во Росоман го имаме еден од најдобрите кандидати, млад, енергичен човек, упатен, образован, другар, пријател, со огромна љубов и жар да се вгради, натпреварува со другите општини и да биде победник“, рече претседателот Заев и додаде дека сите крупни прашања на државата се решени и продолжува подигнувањето на економскиот стандард.

„Имавме храброст да ги решиме сите досега отворени прашања, ама покажавме дека сме и патриоти. Ги заштитивме и македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Признаени сме од целиот свет, ние сме земја членка на НАТО, европски и економски исправена. Платите и пензиите растат. Сите плати за најмалку 6.000 денари се покачени за четири години, а само во последните шест години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беа 1.740 денари. Минималната плата од 9.000 денари ја покачивме на 15.200, а веќе од 1 јануари ќе ја покачиме на 18.000 денари, директно со поддршка и помош на компаниите, за да може да ги издржат платите. Пензискиот фонд е стабилизиран, гарантира пензии за сегашните и идните пензионери. Од 1 јануари ќе го воведеме и вториот критериум – како растат платите да растат и пензиите. Секој први јануари и секој први јули ќе има покачување меѓу 300 и 700 денари покачување двапати годишно. Субвенциите ги насочивме кон индивидуални земјоделски производители, субвенциите се наплаќаат навремено и се зголемени“, заклучи претседателот Заев и ги повика сите да гласаат за бројот 12, за  да продолжи прогресот и развојот во општина Росоман, но и во целата држава.

Прикажи повеќе...

Македонија

Продолжува периодот на претежно сончево време со студени утра

Објавено пред

Времето утре наутро студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура на повеќе места ќе биде околу или под нулата и ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје сончево. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 16 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево време со студени утра. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за магла и ниска облачност, особено во југозападните и југоисточните делови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Регистрирани нови 444 случаи на Ковид-19, починале осум луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.210 тестирања,...

Свет6 часа

Шпанија ќе им ги врати парите на граѓаните казнети за прекршување на карантинот

На сите шпански државјани што беа казнети поради прекршување на мерките за време на минатогодишното тримесечно заклучување ќе им бидат...

Македонија9 часа

(Видео) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта

Данела Арсовска, освен бугарско државјанство, има и бугарска лична карта, издадена во 2017 година, тврди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска....

Македонија9 часа

(Видео) „Името го добив по дедо ми Дане“ – Арсовска тврди дека не го менувала своето име и нема бугарско државјанство

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, и денеска на прес-конференција ги негира обвинувањата дека поседува...

Македонија9 часа

Италија забрани туристички патувања за нашите државјани, Данска ги олесни ковид-правилата за влез

Со најновата одлука на италијанските власти Република Северна Македонија се преместува од листата Д во листата Е, со што не...

Свет11 час

Два процента од богатството на Илон Маск ќе го реши гладот ​​во светот

Мала група исклучително богати поединци може да помогнат во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од нивното...

Регион11 час

САД размислуваат за укинување на визите за Бугарија

Бугарија е една од земјите за кои американскиот министер за внатрешна  безбедност, Алехандро Мајоркас, изјави дека САД размислуваат да ги...

Македонија12 часа

Бројот на заразени од коронавирус од почетокот на пандeмијата во Македонија надмина 200.000 лица

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата веќе изнесува 200.412 по вчерашните потврдени нови 511...

Македонија12 часа

Заев: Куманово повторно ќе држи лекции, сочувајте го социјалдемократскиот дух на Куманово

„Куманово и на овие избори ќе одржи лекција по социјалдемократија по прогресивност и, секако, по обединување и ќе даде пример...

Свет12 часа

Вакцината на „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години одобрена од експерти на американската агенција за лекови

Советодавниот одбор на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), составен од реномирани американски здравствени експерти, ја одобри употребата на...

Македонија22 часа

Од 15 ноември во ресторани, молови и клубови со потврда за примени две дози вакцина

Владата донесе одлука со која се дозволува влез во секаков вид објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии,...

Македонија23 часа

Дозволено организирање настани во затворено до 50 проценти исполнетост

Владата на денешната редовна 115-та седница, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука со која се дозволува организирање...

Македонија23 часа

Шилегов: Во моментов Скопје работи на три најсложени инфраструктурни проекти во својата историја

Скопје по повеќе децении добива нов мост кој овозможува брза врска на најнаселената општина во Скопје, Аеродром, со Гази Баба,...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски: Кај Шилегов единствено нешто што му се гледа повеќе од ароганцијата е стравот дека ќе загуби

Одговорот на Заев и Шилегов на дебаклот што им се случи во првиот круг од изборите било да донесат струмичка...

Свет24 часа

Меркел формално разрешена од должноста канцелар

Официјално заврши мандатот на Ангела Меркел како канцелар на Германија, а претседателот на Републиката Франк-Валтер Штајнмаер ѝ се заблагодари за...

Македонија1 ден

(Видео) Шилегов: Со брзата реакција на хероите на градот се спречи поголема материјална штета од пожарот

Денес имаше пожар кај старите бараки на Основен суд Скопје 1 и благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарната...

Македонија1 ден

Владата ја стопира изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци

Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување...

Македонија1 ден

За една недела починале 124 лица од коронавирус, 97 од нив не биле вакцинирани

Во периодот од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти од Ковид-19, од нив над 78 % биле невакцинирани. Од...

Македонија1 ден

Регистрирани 511 нови случаи на Ковид-19, пријавени 10 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Економија1 ден

Бектеши: Нема зголемување на цената на струјата до крајот на годината

До крајот на годината ќе има доволно количина електрична енергија и сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот...

Досие