Македонија
Османи на средба со Борисов и Захариева во Софија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе престојува во работна посета на Република Бугарија, каде што ќе има средби со бугарскиот премиер, Бојко Борисов, и со вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.
„Посетата претставува прва билатерална посета на министерот Османи и е во духот на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји и интензивирањето на политичкиот дијалог. На средбата ќе се разгледаат можностите за продлабочување на билатералната соработка во областа на инфраструктурата, здравството, одбраната, туризмот, образованието, културата, како и сите други области, во кои се остварува успешна соработка во согласност со напорите за спроведување на договорот за пријателство, добрососедство и соработка“, соопштија од МНР.
Османи со премиерот Борисов и со Захариева ќе размени мислења за напредокот на регионот во процесот на европската интеграција, како и за активностите што ѝ претстојат на Република Северна Македонија, напредокот на реформскиот процес и одржувањето на првата меѓувладина конференција и формалното почнување на пристапните преговори со ЕУ до крајот на годината за време на германското претседавање со Советот на Европската Унија.
Како копретседавачи со берлинскиот процес, министерот Османи со својот домаќин, министерката Захариева, ќе ги разгледа досега преземените и идни ангажмани во пресрет на состаноците и самитот на берлинскиот процес, кој ќе се одржи на 10 ноември во Софија.
Тема на разговорите ќе бидат и актуелните состојби во регионот, регионалната соработка и други значајни меѓународни теми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) „Општината молчи додека ‘Зимзоленд’ незаконски работи“, велат од партијата Левица
„Недозволиво и крајно алармантно е што општинските власти и понатаму молчат, иако е утврдено дека објектот „Зимзоленд“ работи без соодветна дозвола. И покрај ова, објектот сè уште е отворен и секојдневно посетуван од деца и семејства, без никаква реакција од општинските власти“, велат од партијата Левица.
„Фактот што станува збор за објект наменет за најмладите ја прави состојбата уште посериозна. Наместо итна интервенција и постапување согласно законските обврски, општината избира молк и неактивност, со што директно се доведува во прашање безбедноста на граѓаните, особено на децата.
Законот мора да важи еднакво за сите, без исклучоци и привилегии. Секое одложување на постапката претставува преземање на ризик и префрлање на одговорноста, која во случај на несреќа нема да може да се избегне.
Бараме итна интервенција од надлежните служби и затворање на објектот сè додека не се обезбедат сите потребни дозволи и безбедносни услови. Молкот на општината во вакви случаи ја прави истата соучесник во криминалот“, се додава во соопштението на партијата Левица.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

