Свет
Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор
Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот со петнаесетина пушки. Двајца затвореници биле убиени при обид да избегаат, пренесува Си-ен-ен.
Затворениците успеале да влезат во магацин со оружје во затворот Карамоја и украле 15 пушки „АК-47“ и муниција.
„Станува збор за масовно бегство и озлогласени криминалци“, изјави портпаролката на армијата, Флавија Буекасо, додавајќи дека меѓу нив има и сериски убијци, разбојници и силувачи и дека ситуацијата дополнително се комплицира со фактот дека е ноќ и тие се вооружени.
Во тек е голема акција и потрага по избеганите затвореници.
Ова е трето бегство на затворениците во Уганда од почетокот на пандемијата на коронавирусот.
Вкупниот број затвореници во оваа африканска земја се зголеми 10 % во последните пет месеци, а сега околу 65.000 луѓе ја издржуваат казната.
Голем број жители од областа се приведени за кршење на ограничувањата или полицискиот час воведени поради пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

