Свет
Помпео: САД не ѝ дадоа „зелено светло“ на Турција за офанзивата во Сирија
САД не ѝ дадоа „зелено светло“ на Турција за офанзивата во северна Сирија, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео. Според него, Турција е соочена со „терористичка закана во јужниот дел на земјата“, но дека се лажни извештаите дека Анкара добила поддршка од САД за напад.
Турското Министерство за одбрана соопшти дека турските трупи и нивните сириски бунтовнички сојузници навлегоа во североисточна Сирија, со што е покрената копнена офанзива против припадниците на курдската милицијата. Претходно, турските воени авиони и артилерија пукаа врз позиции на курдските борци во прекугранична воена операција, само неколку дена откако американските трупи се повлекоа од областа. Најмалку седум цивили се убиени во турските воздушни напади во североисточна Сирија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

