Контакт

Свет

Помпео: САД не ѝ дадоа „зелено светло“ на Турција за офанзивата во Сирија

Објавено пред

САД не ѝ дадоа „зелено светло“ на Турција за офанзивата во северна Сирија, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео. Според него, Турција е соочена со „терористичка закана во јужниот дел на земјата“, но дека се лажни извештаите дека Анкара добила поддршка од САД за напад.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека турските трупи и нивните сириски бунтовнички сојузници навлегоа во североисточна Сирија, со што е покрената копнена офанзива против припадниците на курдската милицијата. Претходно, турските воени авиони и артилерија пукаа врз позиции на курдските борци во прекугранична воена операција, само неколку дена откако американските трупи се повлекоа од областа. Најмалку седум цивили се убиени во турските воздушни напади во североисточна Сирија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот исток

Објавено пред

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот исток за да се спротистави на Иран во регионот. Како што објави Си-ен-ен, распоредувањето на трупите може да се должи на потребата од интензивирање на воздушната одбрана во услови на зголемена закана од дејствијата на Техеран во регионот, вклучително и оние поврзани со испорака на проектили во Ирак.

поред сознанијата на медиумите, САД можат да ги користат своите копнени, воздушни и поморски сили за да го зајакнат своето присуство. Во првата фаза, може да бидат прераспоредени 3-4 илјади војници.

Во средата, секретарот за печат на Пентагон, Алис Фарах, ги негираше информациите на „Волстрит журнал“ дека администрацијата на Вашингтон размислува да го прошири своето воено присуство на Блискиот исток со распоредување на 14.000 војници и десетици бродови за противакција на Иран.

Прикажи повеќе...

Свет

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Објавено пред

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е прво негово интервју по напуштањето на функцијата претседател на Европската комисија.

Туск вели дека Брегзит е „најтажно искуство“ за него во петте години од неговиот мандат, во бурен период обележан со кризата на еврозоната во Грција, вжештени дискусии за миграцијата и доаѓањето на власт на Доналд Трамп.

„Гардијан“ пишува дека Туск смета дека поранешниот британски премиер Дејвид Камерон погрешил со организирањето на референдум на кој „немал шанси да победи“. Туск исто така откри дека утрото по гласањето, тој сепак верувал дека одлуката може да биде поништена.
„Мојата намера беше да ја проширам целата дебата во Европа, но и во Велика Британија. Со ова, можеби (секако наивно) се надевав дека резултатот на крајот може да биде различен“, додаде Туск.

Туск го опишува Макрон како „идна надеж на Европа“ и вистински пријател, но вели дека има проблеми со „многу нови идеи и мислења“. Туск исто така се спротивстави на зближувањето на Макрон со Русија.

Прикажи повеќе...

Свет

Џон Кери го поддржа Џо Бајден за претседателски кандидат

Објавено пред

Џон Кери, поранешниот американски државен секретар и демократски претседателски кандидат за изборите во 2004 година, ја поддржа кандидатурата на Џо Бајден за претседател на САД, повикувајќи се на аргументот на поранешниот потпретседател дека неговото меѓународно искуство треба да биде пресуден фактор за избирачите во 2020 година.

Штабот на Бајден ја соопшти поддршката од Кери, додека тој продолжува да го обвинува претседателот Доналд Трамп дека е опасен и неспособен шеф на држава.

Ситуацијата дополнително се зaостри со објавувањето на видео снимката на која се гледа како други светски лидери му се потсмеваат на Трамп на приемот во Бакингамската палата, што се оддржа во рамки на самиот на НАТО, пренесоа американските медиуми.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот исток за да се спротистави...

Македонија10 минути

Во Кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во Кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет14 минути

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија22 минути

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во Кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа11 час

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет16 часа

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија17 часа

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија18 часа

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија19 часа

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија22 часа

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура22 часа

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион23 часа

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет23 часа

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија23 часа

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет23 часа

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Спорт24 часа

Фудбалските менаџери годинава заработиле преку 500 милиони фунти

На фудбалските менаџери ширум светот во 2019 година им биле исплатени 500 милиони фунти. Прва пат се случува вкупната заработка...

Европа1 ден

„Монд“: Руски шпиони ги користеле Алпите како главен камп за операции во Европа

Весникот „Монд“ пишува дека руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во Европа. 15 припадници на...

Свет1 ден

Макрон ќе организира самит за француското воено присуство во Западна Африка

Францускиот претседател Емануел Макрон, по смртта на 13 француски војници во хеликоптерска несреќа во Мали, изјави дека лидерите на Западна...

Свет1 ден

Пет европски држави го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страна на Северна Кореја

Европските држави повторно го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страната на Северна Кореја од мај годинава, наведувајќи дека...

Регион1 ден

Палмер: За сите земји од Западен Балкан сме подобар партнер од Русија

Пратеникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, во Сараево изјави дека Западен Балкан и натаму е...

Досие