Македонија
Почнува тридневното гласање – први ќе се изјаснат заразените со Ковид-19 и лицата во самоизолација
На полноќапочна предизборниот молк, кој ќе трае до среда, кога ќе се одржат парламентарните избори во земјава. Денеска ќе гласаат лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на 14 јули (вторник) болните, немоќните, хронично болните и лицата во затворите и во домашен притвор.
Поради состојбата со Ковид-19, за остварување на правото на глас на лицата позитивни на болеста и во самоизолација формирани се околу стотина здравствени избирачки одбори составени од по тројца здравствени работници и претставници на политичките партии.
На гласање на 15 јули сите 3.840 избирачки места ќе бидат дезинфицирани од ДИК. Согласно протоколот, секој гласач е должен да држи растојание од два метра пред објектот на гласачкото место, како и пред влезот на секое гласачко место, и во самото гласачко место. Пред влегување е должен да ги дезинфицира рацете и должен да носи маска.
Молкот ќе заврши в среда во 21 часот кога ќе се затворат гласачките места.
Денот на одржувањето на изборите ќе биде неработен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Смрдеа затвори дел од салите за операции во комплексот клиники „Мајка Тереза“
Претставник на Министерството за здравство бил сослушан во скопското Обивнителство, а по него според неофицијални информации следуваат директорите на хирушките клиники. По собраните искази и докази обвинител ќе процени дали постои основа да поведе постапка и против кого во врска со информациите дека само во три сали во комплексот клиники „Мајка Тереза„ во моментов се извршуваат исклучително итни операции. Останатите сали веќе 7-ми ден се затворени, поради ширеење на непријатна миризба.
Вработените и натаму не знаат кога салите ќе се вратат во функција, а од Министреството за здравство одговор нема.
Пацинетите кои не се третираат како итни слуачи се препраќаат во другите здравствени установи.
Од ВМРО ДПМНЕ денеска на прес конференција обвинија дека не работат ниту лифтовите на клиниката за трауматологија, па велат, пациенти со скршеници, но и оние што одат на контрола или во посета, или треба да одат по скали или да се туркаат со оние лифтови кон операционите сали. И за овие обивнувања се обративме до министерството за здравство но одговор нема.
„Цела недела 4 лифта не работат, ниту двата мали кај влезот, ниту двата кај трауматологија, па пациенти со скршеници, но и оние што одат на контрола или во посета, или треба да одат по скали или да се туркаат со оние лифтови кон операционите сали. Цела недела, од минатата сабота трае проблемот со системот односно цевководот за кислород до операциски сали, цела недела нема испитување што е, што мириса, дали е загадено, дали навистина има јаглерод диоксид“, изјави Наум Стоилковски ВМРО ДПМНЕ.
Македонија
Во следните денови ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи
Во следните денови УХМР ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Денес ќе биде претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне, во вечерните и ноќните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје покажуваат сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Македонија
Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ разговара за ресори кои се од економска и политичка природа
„Преговарачкиот процес за идната влада се базира на принципи, пред се на евроинтегративниот процес, борбата против криминалот и корупцијата, како и од потребата од одредени реформи за забрзан економски развој“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Додаде дека во тој контекст ВМРО-ДПМНЕ внимава и на персоналните решенија кои што се нудат во коалициските преговори при што истите не треба да бидат ниту компромитирани на било кој начин и да се посветени кон работата и реформите кои што ќе следат.
„Засега она што може да се каже е дека преговорите се во напредна фаза, но сѐ уште нема конечен договор и сѐ до моментот кога ќе може да се соопшти, нема да соопштуваме никакви детали. Се разговара и за ресори кои се од економска и политичка природа, но најважно е тие да ги прифатат принципите на Владата и генералните програмски определби“, појасни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во преговорите се внимава на квалитетот на самата поделба и на бројката која што ВМРО-ДПМНЕ ја има во освоени пратеници за овој парламентарен состав.