Свет
Предизборната кампања на Трамп досега чинела милијарда долари
Изборниот штаб на претседателот Доналд Трамп, Републиканската партија и два комитета поврзани со нив, во кампањата за реизбор на Трамп досега потрошиле милијарда долари. Ова е рекордна сума за една претседателска трка, бидејќи во оваа етапа од трката ниту еден кандидат досега не потрошил толку, објавија Вашингтон пост.
Трамп почнал да собира пари за кампањата многу порано споредено со неговите претходници – средствата за неговата кампања почнале да се собираат уште во 2017 година. Како споредба, пишува Вашингтон пост, неколку месеци пред изборите во 2012 година штабот на Барака Обама потрошил околу 643 милиони долари.
Трамп во јули собрал донации во висина од 165 милиони долари, додека неговиот противник, кандидатот од Демократската партија, Џо Бајден, собрал 140 милиони долари. Во август, сумата на буџетот на штабот на актуелнит претседател пораснала до 300 милиони долари, уште 55,3 милиони собрал националниот комитет на Републиканската партија. Од друга страна, штабот на Бајден овој месец добил донации од 294 милиони долари и уше 16,3 милиони дал националниот комитет на Демократската партија.
Претседателските избори се закажани за 3 ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

