Македонија
Регистрирани 109 нови случаи на Ковид-19, починало едно лице, а оздравеле 422 пациенти
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-16, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-15, Гостивар-10, Гевгелија-1, Радовиш-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Виница-3, Свети Николе-5, Кичево-7, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 422 оздравени пациенти од: Скопје-173, Куманово-28, Штип- 93, Прилеп-8, Тетово-23, Струга-36, Охрид-15, Гостивар-28, Радовиш- 1, Крушево-2, Кочани-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Свети Николе-3, Кичево-1, Ресен-5.
Почината е една пациентка од Скопје (70 години) во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11942, бројката на оздравени пациенти е 8087, на починати е 528, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3327. Денес се евидентираат 6 контролни теста и корекција за еден оздравен. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5166, активни 1177
• Куманово 1163, активни 263
• Дебар 219, активни 128
• Штип 965, активни 319
• Прилеп 346, активни 42
• Тетово 1092, активни 171
• Струга 479, активни 160
• Велес 238, активни 27
• Битола 167, активни 74
• Охрид 300, активни 77
• Кавадарци 125, активни 103
• Гостивар 571, активни 306
• Гевгелија 25, активни 14 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 41, активни 25
• Крива Паланка 26, активни 12
• Радовиш 35, активни 11
• Крушево 16, активни 5
• Кочани 112, активни 23
• Пробиштип 63, активни 18
• Демир Хисар 43, активни 29
• Македонски Брод 53, активни 41
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 8, активни 4
• Валандово 7, активни 1
• Виница 33, активни 29
• Делчево 5, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 4
• Свети Николе 244, активни 116
• Кичево 202, активни 121
• Ресен 146, активни 12
• Неготино 32, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 762 теста се преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-124, Систина со PCR метода -128, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-46, Инфективна клиника-7, ГАК-12. Досега во земјата се направени вкупно 115590 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, и 7 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

