Свет
Русија ја регистрира вакцината против Ковид-19, Белорусија ќе ја добие прва
Русија ќе стане првата земја во светот што регистрираше вакцина против болеста Ковид-19 под името „Спутник V“, пренесува „Спутник“. Вакцината е произведена од институтот „Гамалеја“ и во моментов е во трета фаза на тестирање.
Белорусија ќе биде првата земја што ќе ја добие руската вакцина „Спутник V“, објави прес-службата на претседателот Лукашенко по неговиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
Според белоруската новинска агенција „Белта“, Путин и Лукашенко разговарале за ситуацијата во Белорусија и се согласиле земјата да учествува во третата фаза од тестирање на руската вакцина против коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автомобил се забил во аптека во центарот на Пловдив
Млад човек доживеал несреќа доцна синоќа откако со својот автомобил удрил во излогот на аптека во централниот дел на Пловдив. Инцидентот се случил околу 22:00 часот, јавуваат бугарските медиуми.
Според очевидци, автомобилот се движел со голема брзина кога се судрил со такси, а неколку секунди подоцна продолжил по својот пат и се забил во излогот на аптеката. Продавницата во тој момент била затворена, со што се спречиле повреди.
„Го видов автомобилот – црниот Сеат – како вози многу брзо. Такси доаѓаше зад аголот и возачот нагло закочи, но не можеше да застане. Удри во таксито, а потоа отиде право во аптеката“, изјави очевидецот Иван Чананчалиев за БТВ.
Полицијата извршила увид на местото на настанот. Причините за несреќата се разјаснуваат.
Свет
Поранешниот претседател на Перу осуден на 14 години затвор
Перуанскиот претседател Мартин Вискара (62) е осуден на 14 години затвор за вмешаност во корупциски скандал додека бил гувернер на јужниот регион Мокегва.
Судот, исто така, му забрани на Вискара да извршува јавна функција девет години, како и парична казна.
Се очекува веднаш да почне да ја издржува казната. Но, Вискара навести дека планира да поднесе жалба на пресудата.
„Ова не е правда, ова е одмазда. Но, тоа нема да ме скрши“, напиша тој на социјалните мрежи како одговор на пресудата.
Примање мито за големи проекти
Тој беше прогласен за виновен за земање мито во вредност од над 600.000 долари во замена за доделување договори за големи проекти во Мокегва.
фото: епа
Свет
Воз прегази работници на железничка станица во Кина
Воз удрил и убил 11 работници на железничка станица во Кина, објави Ројтерс.
Двајца други беа повредени.
Инцидентот се случил во јужната провинција Јунан.
Според првичните извештаи, возот, кој тестирал сеизмичка опрема, удрил во работници кои стапнале на шините во градот Кунминг.

