Контакт

Свет

САД ја предупреди Северна Кореја да е откаже од нуклеарната програма и да избегнува провокации

Објавено пред

САД се подготвени да бидат флексибилни во преговорите чија цел е Северна Кореја да се натера да се откаже од нуклеарната и ракетна програма, но Пјонгјанг мора да се ангажира и да избегнува провокации, изјави американската амбасадорка во ОН Кели Крафт.

Таа додаде дека САД се подготвени да бидат флексибилни, но тие не можат сами да го решат овој проблем и оти Северна Кореја мора да се ангажира во тој процес.Според неа, Советот за безбедност мора да биде подготвен да одговори на какви било провокации од страна на таа земја.

Советот за безбедност се состана на барање на САД во време кога расте меѓународната загриженост дека Пјонгјанг,поради застојот во преговорите за денуклеаризација меѓу Северна Кореја и САД, би можел да продолжи со нуклеарни и проби на ракети со долг дострел кои беа прекинати од 2017 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Српски доктор открива: Обдукциите на починатите од Ковид-19 се ужасни, белите дробови им се уништени

Објавено пред

Српскиот кардиохирург Миљко Ристиќ денеска изјави дека обдукциите на оние кои починале од коронавирус покажале зачудувачки и крајно загрижувачки податоци.

„Во Србија се извршени 17 обдукции, иако СЗО не препорачува обдукција на оние што починале од Ковид-19, затоа што постои огромен ризик присутните да се заразат. Кога станува збор за резултатите од обдукцијата, тие мора да бидат познати и посебно треба да ги знаат младите за да послужат како еден вид предупредување“, вели доктор Ристиќ.

Тој посочува дека умираат и млади луѓе, а најголем дел од спроведените обдукции во Србија биле на млади пациенти кои починале во рок од 24 до 48 часа.

„Ова не е едноставна пневмонија или настинка, туку сериозна болест. Треба да се влијае врз свеста на младите за да ги намалат непотребните активности, а тоа е единствениот реален начин да се спречи епидемијата“, истакна доктор Ристиќ во изјава за „Пинк“.

Тој потенцира дека во овој момент младите се разболуваат под ист ризик како и старите лица, иако немаат историја на претходни заболувања.

„Честопати и младите завршуваат за еден до два дена. Разберете дека вирусот е во нашето опкружување и дека секој е потенцијален кандидат за тешко заболување“, вели докторот.

Тој посочува дека вирусот предизвикува инфекција, ги уништува белите дробови, а кај оние што ќе го прележат остава трајни последици по нивното здравје како зачестена малаксаност и замор.

Респираторите, вели тој, не се семоќни и дозволуваат само здравиот дел од белите дробови да функционира полесно, додека дел од белите дробови зафатен од инфекцијата е неповратно уништен.

„Ниту еден лек или респиратор не може да ја врати функцијата на белите дробови“, вели доктор Ристиќ.

Прикажи повеќе...

Свет

Јужна Африка воведе полициски час и забрана на алкохол

Објавено пред

Претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса, објави дека повторно ќе воведе забрана за продажба на алкохол и ноќен полициски час со цел да се намали притисокот на болниците, бидејќи бројот на заразени со коронавирус брзо се зголемува.

Рамафоса рече дека земјата не може да дозволи болниците и клиниките да бидат оптоварени со повреди поврзани со алкохол што може да се избегнат.

„Ова е борба за да се спаси секој живот и треба да го спасиме секој кревет. Невремето на коронавирусот е далеку посурово и попогубно од сите што ги знаеме“, истакна тој.

Рамафоса рече дека сегашните проекции покажуваат дека различни провинции ќе го достигнат врвот на инфекцијата во периодот помеѓу крајот на јули и крајот на септември, пренесува „Ројтерс“.

Ноќниот полициски час ќе биде во сила од понеделник и ќе трае од 21 часот до 4 часот наутро. Нема да се однесува на оние кои одат на работа или се враќаат од работа, ниту, пак, на лицата на кои им е потребна медицинска помош.

Исто така, ќе бидат заострени правилата за носење заштитни маски, но третото ниво на системот за предупредување на коронавирус, кој има пет нивоа, ќе остане на сила.

Семејните посети и социјалните активности ќе продолжат да бидат забранети.

Министерството за здравство на Република Јужна Африка денеска пријавило уште 12.058 случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени изнесува 276.224.

Бројот на починати се искачи за 108 на вкупно 4.079.

Прикажи повеќе...

Свет

Европските влади ја критикуваат Турција поради Аја Софија

Објавено пред

Министрите за надворешни работи на Европската Унија ја критикуваа Турција поради неколку причини, вклучително и дупчењето за гас во спорните медитерански води и промената на статусот на Аја Софија од музеј во џамија, пренесува „Екатимерини“.

На нивната прва средба лице в лице по повеќе месеци, министрите планираат да заземат поцврст став за Анкара, иако не се очекувааат итни мерки, пишува грчкиот весник.

„Кога ќе видам што се случува со Аја Софија, тоа е удар“, рече министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн.

Шефот за надворешни работи на ЕУ, Жозеф Борел, минатата недела беше во Турција каде што разговараше и за споровите на Анкара со Грција и со Кипар за истражувањата во Источниот Медитерански Регион.

Турција испрати бродови придружувани од воен брод да дупчат за гас во област над која Кипар тврди дека има ексклузивни права. Турската влада соопшти дека дејствува за да ги заштити своите интереси и оние на кипарските Турци во природните ресурси во областа.

Шведската министерка за надворешни работи, Ан Линде, рече дека активностите во Средоземното Море се причина за загриженост за блокот, посочи дека на редовната месечна средба ќе бидат разгледани и прашањата за човековите права и демократијата.

Борел рече дека односите не се „толку добри“ во моментот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет60 минути

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Европа2 часа

Германците одложиле 50.000 онколошки операции поради коронавирусот

Поради пандемијата на коронавирус во Германија се одложени десетици илјади онколошки операции, терапии и мерки за рано откривање на карцином,...

Топ2 часа

Повредени 11 мигранти во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Единаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Радовиш – Штип во која учествувале два...

Топ2 часа

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор за соучесништво во убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска доби 19-годишна казна затвор поради свирепото убиство на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна, односно...

Македонија3 часа

Почна изборниот процес, гласаат 706 лица кои се во самоизолација

Денеска е првиот ден од тридневниот гласачки процес за предвремените парламентарни избори во Македонија, кои ќе завршат в среда. Од...

Регион3 часа

При дефект на рингишпил во Сомбор повредени осум деца, три од нив потешко

Како што објавија српските медиуми, синоќа околу 20:30 часот се случила несреќа во Србија во село кај Сомбор. Локалните портали...

Регион3 часа

Од денеска во Хрватска задолжително е носење маска

Од денеска во Хрватска е задолжително носењето маска во продавниците. Маски, исто така, ќе мора да носат и вработените во...

Свет4 часа

Експлозија и пожар на американски воен брод

Во експлозија и пожар што избувнал на американски брод во Калифорнија се повредени 21 лице, соопштија локалните власти. Американските медиуми...

Свет5 часа

Од коронавирус заболени 12,7 милиони луѓе во светот

Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, 12,7 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а повеќе од половина милион починале. Во...

Регион5 часа

Хашим Тачи на сослушување во Хаг

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска во Хаг треба да биде сослушан од меѓународните обвинители за воени злосторства. Тoj беше врвен...

Македонија5 часа

Почнува тридневното гласање – први ќе се изјаснат заразените со Ковид-19 и лицата во самоизолација

На полноќапочна предизборниот молк, кој ќе трае до среда, кога ќе се одржат парламентарните избори во земјава. Денеска ќе гласаат...

Македонија19 часа

Бројот на заболени од коронавирус во земјава надмина 8.000 лица

Од почетокот на пандемијата во Македонија, досега заболеле 8.111 лица, откако само денеска беа регистрирани 136 новозаболени. Според последните информации, вкупната...

Македонија20 часа

Во Скопје има 1.830 активни случаи, најмногу во Чаир, Гази Баба и Аеродром

Во Скопје во моментов има 1.830 активно заболени лица од ковид-19. Според информациите по општини, најголем број од заболените се...

Топ20 часа

Бегајќи од полиција скокнал во Вардар, а по него во реката влегол и полицаецот кој се повредил

Бркотница се случувала вчера во Скопје, кога 33-годишен скопјанец (Е.А.) бегал од полициски службеник. Полицаецот вршел обезбедување врз Е.А. кому...

Македонија20 часа

Денеска се регистрирани 136 нови случаи, починаa 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на...

Свет23 часа

Унгарија воведува нови мерки за влез од ризични земји како Македонија

Унгарија воведува нови рестрикции за патници на граничните премини поради спречување на ширењето на коронавирусот, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан....

Топ1 ден

Се удави скопјанец во езерото Младост

Дваесет и осумгодишен скопјанец вчера се удави во водите на езерото Младост во Велес. Според информациите од МВР, М.С. влегол...

Регион1 ден

Ребиќ: Странски служби ја рушат Србија

Директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ истакна дека зад насилните протести во Србија, стојат странски разузнавачки служби. Според него, тие...

Топ1 ден

Приведени и казнети „диви тркачи“ од скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за...

Свет1 ден

Турист во Шпанија загинал по пад од тераса, а усмртил уште еден човек

Турист во Шпанија починал откако паднал од тераса на хотелот каде бил сместен, а усмртил и друг маж, кој во...

Досие