Свет
Се врати ноќниот живот во Вухан
Ноќниот живот во Вухан се врати во нормала, седум месеци откако градските власти ги укинаа строгите рестриктивни мерки поради пандемијата на коронавирус. Една од првите што ги почувствува придобивките од ноќниот живот е Жан Кјонг, која го прослави својот 29. роденден со пријателите во вуханска пивница.

„По сè низ што поминав за време на првиот бран на пандемијата на коронавирус во Вухан, а потоа откако бев ослободена од рестриктивните мерки, се чувствувам како да живеам втор живот“, рече Жанг, која работи во продавница за текстил во Вухан, град за кој многумина веруваат беше првото жариште на коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.
Додека таа и нејзините пријатели го славеа нејзиниот роденден, луѓето надвор се радуваа, имаше забави низ целиот град, со еден збор, Вухан се претвори во град на фестивали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

