Свет
Се стега обрачот околу терористите по нападот во Виена
Двајца мажи беа уапсени пред неколку дена во Цирих поради можна поврзаност со терористот кој уби неколку лица во главниот град на Австрија на 2 ноември. Тие го посетиле напаѓачот во јули во Виена и не е исклучено терористот да бил во Цирих, објави Ројтерс повикувајќи се на швајцарските медиуми.
Весникот НЗЗ известува дека станува збор за двајца мажи на возраст од 18 и 24 години, кои патувале во Виена помеѓу 16 и 20 јули, за да се сретнат со напаѓачот на непозната локација.
„Сè уште не е познато дали тие само го посетувале убиецот или дали биле поврзани и со терористичкиот акт. Сигурно е дека тие биле пријатели”, наведува весникот.
Атентаторот од Виена имал контакти и со исламистичката сцена во Германија. Албанецот со потекло од С.Македонија, а роден во Австрија, Кујтим Фејзулаи, во терористички напад уби четири и рани повеќе од 20 лица во Виена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

