Контакт

Македонија

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Објавено пред

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која загинаа 45 македонски патници, а 7 успеаа да преживеат.

,,Алах да им даде рај на починатите, а на повредените што поскоро опоравување. Овие зборови ги кажувам со жалење и со повредено срце. Тие беа исто така наше семејство, бидејќи секогаш кога патувавме и патниците ги сметавме за фамилија. Четири дена бевме заедно во Истанбул и забележав дека повеќето и порано доаѓале со нас на тури со нашите автобуси за Истанбул. Овие тестови се од Алах и верувам дека се прифатени од секој верник, неговата волја не може да биде променета ни за минута и бараме од Алах никого да не тестира”, напиша Хаџиу на Фејсбук.

 

Македонија

Рашковски тврди дека го местат и побара Наќе Чулев да сведочи за софтверот

Објавено пред

Ексгереналниот секретар, Драги Рашковски тврди дека обвинителката Ивана Трајчева на компјутерски програм си куцала пораки кои ги прикажала како негова комуникација. Тој вели: „заборавила да го смени времено, па во една секунда, има 43 пораки. Еве кажете ми, јас проверував на интернет, не постои, Гинисовиот рекорд е дека за 50 секунди може да пишете една порака, а не 43 во една секунда“. Според него, не може Обвинителството да ги дава тие докази, бидејќи незаконски ги прибрале.

„Не може Обвинителството да кажува и импутира дека тоа се пораки, за кои што, и од самиот производител стои дека не може да утврди за каков тип на податок станува збор. Од тоа што јас можам да ви го кажам е дека ќе имаме едно навистина интересно судење кое што би требало, во македонското правосудство, особено во делот на компјутерската форензика, која што и те како слабо е применувана, а правосудството запознаено, да имплицира многу поквалитетен начин за прибирање на дигиталните докази. Бидејќи срамота е лица кои немаат познавања, лиценци, ниту се вештаци, да им се дава да буричкаат, чепкаат по приватни податоци на лица кои им се одземени телефоните. Податоци и факти кои што се апсурдни, не може да бидат докази. 43 пораки во една секунда, на документ кој со форензичка анализа е докажано дека е правен на компјутерот на обвинителката, тоа не е податок извлечен од телефон, таму стои на кој компјутер е правено“, рече Рашковски.

Обвинетиот доставил и дваесетина нови докази со кој ќе докажува дека не е виновен. Меѓу нив е и предлог, Наќе Чулев, ексминистер за внатрешни работи, да сведочи на судењето.

„Доставивме докази дека не може вие да тврдите дека мои средства, уплатени на моја сметка, во 2015 година, потекнуваат од тендери во 2019 година. Срамота е тоа што се прави. Сите знаеме дека во 2015 година јас не сум бил ниту функционер, не може во 2015 г. средства да бидат од кривично дело во 2019 година. Не треба да се правник, едноставно Холивуд да го режира ова, не може да го направи така“, додаде Рашковски.

Прашан до каде е со градбата на куќата во Побожје која новинарите ја нарекуваат хациенда, Рашковски одговори: „Такво нешто ниту има. Одете на местото, ќе видите, станува збор за купен плац, кој е купен од мои средства, кредит за таа работа и тие средства потекнуваат со обезбедување на средства од моментот кога не сум бил функционер, во 2013 година. Како генерален секретар, не влегов без средства. Ако го споредите имотниот лист во 2017 година и 2021 година ќе видите дека нема разлика, освен во подароците на моите деца, прибрани од прослави. Друг податок, зголемување на имотот не постои. Децата имаат заштеда од родендени“, рече Рашковски.

Тој призна дека им ги препишал недвижнините на неговите деца.

„Се друго е мој имот кој што сум го препишал, а сум го имал и пред тоа. Се вулгализира целата работа. Станот, имотот во Струмица, подвижните средства, сум ги имал и пред да станам генерален секретар. Како секој родител што сака неговите деца да имаат нешто, ние сме традиционална земја, едноставно станот кој што сум го имал од 2011 година само сум го префрлил, имотот во Струмица кој сум го имал од 2013 година само сум го префрлил на децата. Новиот имот во Побожје е на кредит“, додаде Рашковски.

Прашан како го вратил кредитот, бидејќи Обвинителството се сомнева дека тоа го направил преку злоупотреба на службената положба, Рашковски додава: „Станува збор за уплата на крединтни картици. Кога функционер оди на пат, има две опции, да земе аванс од институцијата каде е вработен или пак да троши средства, а кога ќе се врати, тоа да го надополни. Обвинителството ја гледа само страната на уплати. Кога сум патувал, секој пат кога сум одел во хотел или ако сум патувал со кола сум точел гориво во странство, сум плаќал со моја картица. Кога сум се враќал тие средства биле рефундирани. Сите знаат по благајничко работење, дека тие средства се рефундираат во кеш. Кога ќе се вратат, нормално е вие да го покриете минусното салдо. Меѓутоа, Обвинителството тоа не сака да ви го прикаже како факт и вели ставал пари на својата картица. А не ја гледа страната дека тие пари се трошени за оправдани трошоци“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Работните групи на Владите на Северна Македонија и Бугарија ги поставија основите за работа

Објавено пред

Во насока на продлабочување на билатералната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, денеска, во рамките на заедничката седница на двете влади во Софија, се одржаа и одделни состаноци на работните групи утврдени за време на официјалната посета на премиерот Петков на Скопје.

Работната група која ја опфаќа соработката во економијата, енергетиката, финансиите, иновациите и развојот, инвестициите и земјоделството ја договори идната динамика на работата, како и заедничката основа за размена на добри практики и искуства за интензивирање на директна соработка во овие области.

Втората работна група којашто ги вклучува областите транспорт и врски, инфраструктурата, локалната самоуправа и меѓуграничната соработка, како и соработката во областа на информатиката и комуникациите, се поставени определбите за работите на Коридорот 8, како и поврзувањето со другите патни правци по должина на границата на двете земји.

Оваа работна група за свој приоритет го постави воспоставувањето авионска линија Софија-Скопје, како и заложбата колку што може побргу значително да се намали цената на роамингот меѓу двете земји.

За европските интеграции, зелените политики и доброто владеење во третата работна група се поставени основите за поддршка и соработка на европските интеграции на Република Северна Македонија, како и за заеднички иницијативи во проектите опфатени со стратегијата „Зелен договор“ на ЕУ.

Четвртата работна група која во фокусот ги има културата, образованието и науката, туризмот и младите и спортот си постави за задача да бидат преземени чекори од двете страни за изготвување на сеопфатна програма за соработка во овие области.

Денеска состанок одржаа и копретседавачите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и го утврдија календарот и динамиката на средбите во 2022 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ковачевски – Петков: Напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Објавено пред

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во резиденцијата „Бојана“, каде што ги пречека премиерот Кирил Петков и министрите во Владата на Република Бугарија, по што започна пленарната сесија на заедничката меѓувладина седница со која копретседаваат двајцата премиери.

Во своето обраќање на пленарната седница премиерот Ковачевски истакна дека со изразена политичка волја и за кратко време двете влади ја организираа заедничката седница како уште еден значаен исчекор кон решенија од заеднички интерес и кон придобивки за нашите народи.

„Позитивни пораки од посетата во Скопје и пријателскиот амбиент на оваа средба ни потврдува дека македонските и бугарските граѓани се исклучително заинтересирани за силни меѓусебни економски врски и за активности на соработка кои поврзуваат“, нагласи претседателот на Владата на Северна Македонија Ковачевски.

Ковачевски потенцираше дека и во Скопје и во Софија дијалогот тргна од позицијата дека новиот политички момент создаден преку мандатите на двете нови Влади создава услови да се направи заеднички исчекор во периодот што претстои.

„Ќе работиме низ потенцијалите и можностите, а не низ проблемите и пречките. Тоа е клуч за иднината, и посебно за нашата заедничката иднина во Европската Унија“, истакна во обраќањето на пленарната сесија на заедничката седница на владите премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата на Република Бугарија Кирил Петков во своето обраќање потенцираше дека заедничката меѓувладина седница е од најдобар интерес на двата народа.

Бугарскиот премиер им посака на членовите на двете влади успешна работа и, како што нагласи, наместо политичка реторика на граѓаните од двете земји да им понудиме резултати кои ќе го заменат национализмот и говорот на омраза.

Работниот дел од заедничката седница на двете влади ќе продолжи со тет-а-тет средба на премиерите Ковачевски и Петков и со средбата на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи и министерката за надворешни работи на Република Бугарија Теодора Генчовска.

Во исто време ќе започнат и одделните работни состаноци на министрите копретседавачи и членови на Работната група за економија, трговија и иновации, на Работна група: инфраструктура, транспорт, поврзаност, на Работната група за европска соработка, зелена транзиција и дигитална трансформација, и владеење на правото, на Работна група: култура, наука и образование, млади.

На оваа сесија од работниот дел на програмата е предвидено да се одржи и состанок на копретседателите на Мешовитата мултидисциплинарна комисија меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за историски и образовни прашања проф. д-р Ангел Димитров и проф. д-р Драги Георгиев.

Премиерите и министрите на двете влади после одделните работни средби ќе продолжат со пленарната седница на којашто ќе се презентираат резултатите од работните групи, по што ќе следува потпишување на повеќе меморандуми и договори за соработка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

Рашковски тврди дека го местат и побара Наќе Чулев да сведочи за софтверот

Ексгереналниот секретар, Драги Рашковски тврди дека обвинителката Ивана Трајчева на компјутерски програм си куцала пораки кои ги прикажала како негова...

Македонија2 часа

(Видео) Ковачевски – Петков: Напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во...

Македонија3 часа

Минатата недела регистрирани 11.610 нови случаи на Ковид-19

Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела...

Македонија3 часа

Препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната...

Свет4 часа

Украинскиот министер призна: Немаме информации дека Русија подготвува офанзива

Вооружените сили на Русија досега не формирале ниту една ударна група, што би укажало дека се подготвува напад на Украина,...

Свет4 часа

Џозеф Бајден фатен како пцуе новинар на Фокс откако го праша за инфлација

Американскиот претседател Џо Бајден беше фатен во понеделникот како пцуе новинар на „Фокс њуз“ на настан во Белата куќа, откако...

Свет14 часа

Контингент од 8.500 војници во САД е во состојба на готовност поради ситуацијата во Украина

Американската војска денеска соопшти дека контингент од 8.500 војници е во целосна готвоност и е подготвен да биде распореден во...

Свет15 часа

СЗО: Условите се идеални за појава на нови варијанти на вирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека би било опасно да се мисли дека екстремно заразниот...

Македонија19 часа

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија19 часа

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Европа20 часа

Кличко: Политиката на Германија кон Украина е предавство на пријател во тешка ситуација

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, поранешен светски шампион во бокс, ја обвини германската влада за предавство на пријател затоа што...

Македонија23 часа

Османи за БТВ: Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во ексклузивно интервју...

Економија23 часа

Повторно поскапување – од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените...

Македонија24 часа

Мицевски: Поднесовме предлог за укинување на техничката Влада

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието денес поднесе предлог на Законот за изменување и...

Македонија1 ден

Работна група од македонски и бугарски експерти ќе работи на железничкото поврзување

Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република...

Свет1 ден

Бродови и авиони во базите на НАТО – алијансата испраќа дополнителни сили во Источна Европа

Сојузниците на НАТО денеска ја ставија својата армија на подготвеност и ќе испратат дополнителни бродови и борбени авиони во нивните...

Македонија1 ден

Зимското одржување на патиштата оваа сезона ќе чини осум милиони евра

Државните институции склучиле договори за јавни набавки со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците...

Свет1 ден

Тедрос: Светот е во клучна пресвртница, земјите мора да работат заедно

Во екот на уривањето на рекордите на новозаразени луѓе во светот, СЗО ги повика сите земји да работат заедно за...

Македонија1 ден

(Видео) Јанакиески спроведен на судење со полициско возило

На патерици, легнат во полициско возило, Миле Јанакиески е земен од дома со судска наредба и спроведен на судење. Денеска...

Свет1 ден

По САД и Британија повлекува дел од персоналот во амбасадата во Киев

Велика Британија почна да го повлекува персоналот од амбасадата во Украина поради предупредувањата за руската инвазија. Според извештајот, официјалните лица...

Досие