Свет
„Твитер“ блокира десетици илјади сметки што се користеле за пропаганда и ширење лаги
„Твитер“ соопшти дека блокирале десетици илјади сметки поврзани со Кина, Русија и со Турција, кои биле користени за пропаганда и дезинформации.
Сите овие сметки се затворени, но нивната содржина се чува во база на податоци за да може да се користат за научни цели. Кинеската мрежа на сметки се користела за ширење геополитички теории во корист на Комунистичката партија, лажни теории за ситуацијата во Хонг Конг и за презентирање на ставовите на Пекинг за борбата против коронавирусот.
Руските профили, пак, се утврдило дека служеле за рекламирање на владејачката партија и за напад на нејзините критичари. Како што информираат од „Твитер“, турските сметки биле користени за воздигнување на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

