Свет
Трамп се налути, Белата куќа ја откажа претплатата на „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“
Белата куќа повеќе нема да биде претплатена на „Вашингтон пост“ и „Њујорк тајмс“, по оценката на американскиот претседател Доналд Трамп дека овие весници се „нечесни“ кон него.
Портпаролот на Белата куќа, Стафани Гришам, рече дека прекинувањето на претплатата ќе биде „значителна заштеда за даночните обврзници од стотици илјади долари“.
Одлуката да не се продолжи претплатата на овие два угледни весника е донесена по неодамнешната најава на Трамп дека Белата куќа ќе стави крај на претплатите на овие два медиуми коишто се честа цел на критики на администрацијата на САД поради нивниот однос кон претседателот.
„Њујорк тајмс е лажен весник, не го сакаме повеќе во Белата куќа. Веројатно ќе ставиме крај на претплатата за тој весник и за Вашингтон пост”, рече Трамп.
Си-ен-ен наведува дека не е познато колку сојузни служби се претплаќаат на овие два весника, ниту колку државни средства се трошат за претплата. Трамп не е првиот претседател што ги бојкотира весниците, бидејќи Џон Кенеди ја откажа претплатата во „Њујорк Хералд трибјун“ поради наводна пристрасност, но Белата куќа подоцна ја обнови преплатата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

